Вообиачениот чизкејк е направен од меко крем сирење или урда со овошје, чоколада и други вкусни состојки. Но, денес ви претставуваме една негова варијанта која не остава никого рамнодушен!

Чудесен чизкејк со банана и урда

Потребни состојки

  • 200 гр обезмастена урда
  • 1 јајце
  • 5 зрели банани
  • 4 супени лажици шеќер
  • 2 супени лажици брашно

Начин на подготовка

Користејќи миксер, претворете ги бананите во пире. Во урдата, додадете ги брашното и јајцето и добро измешајте ги состојките, до добивање една соединета смеса.

Заедно измешајте ја смесата од урдата со бананите и потоа поставете го добиеното тесто во сад. Печете 20 минути во претходно загреана рерна на 180°C. Вцрвенета кора ќе ви биде индикарот дека тестото е готово.

Готвоиот чизкејк може да го декорирате со слатка павлака или да го полеете со чоколада или карамела, по ваша желба.

Пријатен апетит!