Многумина не можат да разберат како одредени луѓе успеваат да живеат толку долго. Но, постојат луѓе кои едноставно не се обидуваат да преживеат, туку да имаат навистина исполнет живот.

Се подразбира, здравниот начин на живот, балансирана исхрана и добрата генетика се дел од факторите кои му овозможуваат на човекот да живее долг живот.

За таа цел, денес ви откриваме рецепт за еден чудесен напиток кој ефикасно ги отстранува штетните токсини од организамот и значително го зајакнува здравјето, а токму здравото тело и ум се од виталното значење за долгиот животен век.

Домашен напиток за прочистување на организамот од токсини

Пред консумирање на овој напиток, неопходна е консултација со вашиот лекар.

Потребни состојки

  • Половина лимон
  • 2 супени лажици мед
  • 1 чаша вода
  • 1 јаболко

Начин на подготовка

Земете половина лимон и 1 јаболко и исечете ги и двете на неколку делови. Исечените парчиња поставете ги во блендер, додадете 2 супени лажици мед и налејте чаша топла преварена вода. Добро измешајте ги сите состојки заедно, а добиената смеса прецедете ја користејќи сито и напитокот ќе биде готов за консумирање.

Начин на употреба

За ефикасно да го прочистите вашиот организам од штетните токсини, потребно е напитокот да го консумирате пред секој ваш оброк. За кратко време ќе ги почувствувате позитивните промени врз вашето здравје, како и зајакнувањето на имунитетот.

Доволно е напитокот да го консумирате 2 пати неделно.