Да ве сакаат и плус неколку милијарди на сметка? Дали мислите дека замок и пари е сè она што ви е потребно? Но, што вреди сето тоа без љубов и семејство?

72-годишен милионер Бенџамин Слејд, од Велика Британија е успешен бизнисмен, но и покрај неговото неверојатно огромно богатство, имоти и пари, тој нема роднини, кои би го наследиле сето тоа.

Токму поради оваа причина, Бенџамин се пријавил во популарна британска емисија за пронаоѓање на љубов.

Тој открива дека има многу пријателки на 50-годишна возраст, но тој покрај романтика, сака да има и вистинско семејство и деца. Посвојувањето за него е опција со која воопшто не се согласува, па затоа од партнерката очекува да ги роди неговите идни наследници.

Милијардерот обожава да патува по светот и да консумира разна егозотична храна, при што ветува дека неговата идна сакана ќе има возбудлив живот исполнет со многу забава.

Според вас, што е поважно: Љубовта или материјалното богатство?