Отекувањето и подуеноста на крајниците речиси секогаш е симптом за хронично заболување. Овие проблеми може да се одразат и на хронични заболувања на црниот дроб, бубрезите или хипотиреоидизам.

Отоците на рацете, нозете и други органи вообичаено се симптом за хронично напреднато заболување.

Подуеноста се појавува кога притисокот во крвните садови и капиларите е таков што течноста започнува да тече од крвните садови во периферните ткива или поради невозможноста да се задржи течноста во крвните садови.

„Отокот е симптом зад кој најчесто се кријат кардиоваскуларни заболувања, хронични заболувања на црниот дроб, бубрезите или дисфункција на штитната жлезда (хипотиреоидизам). Отокот може да се локализира на рацете, нозете, дури и во некои внатрешни органи како црниот дроб или белите дробови.“- вели Дајен Кордик, истакна американски кардиолог.

Отоците кај пациентите со болно срце може да бидат индикатор за коронарна срцева болест, особено кај пациентите кои имаат преживеано еден или повеќе инфаркти и кај истите е ослабена функцијата на левата срцева комора. Според кардиологот, зад отокот може да се крие и т.н состојба на кардиомиопатија, за чија пак појава, не е позната точната причина.

Clogged artery and atherosclerosis disease medical concept with a three dimensional human artery with blood cells that is blocked by plaque buildup of cholesterol as a symbol of arteriosclerotic vascular diseases.

Без разлика за која состојба станува збор, од исклучителна важност е да се има соодветна терапија.

„Кога веќе знаеме дека имаме пациент со отоци, тогаш неопходно е прво да ги исфрлиме вишокот течности, а потоа да ја определиме точната причина за појавата на отокот. Денес имаме на располагање моќни диуретици, односно лекарства за ефикасно отстранување на вишокот течности. Но, со тоа само го ослободуваме пациентот од истите и од самите симптоми. Целата е да се третира причината која го предизвикала отокот, за да оваа состојба веќе не се повторува. Во зависност од причината, се користат разни соодветни лекарства“- додава Дајен.