Луѓето кои добиваат пакети и писма од Кина можат да бидат спокојни дека не се изложени на ризик од заразување со новиот коронавирус, кој предизвикува смртоносна пневмонија, соопштува СЗО.

Според последните направени анализи, коронавирусите не живеат долго по површините на ваков тип на предмети.

Кон крајот на Декември, 2019-та година, кинеските власти регистрираа извор на пневмонија во градот Ухан. Освен во Кина, болеста е откриена во уште други 23 земји. Во моментот во Кина се регистирани 11.000 заразени луѓе, а смртни случаи 259.