Црниот пипер е еден од најупотребуваните зачини во кујната, но денес ви откриваме како неговите чудесни својства да ги искористите за козметичка цел.

Оваа растение ја има моќта да го стимулира растот на фоликулите на косата, а бидејќи е богато со витамини А и Ц, како и флавоноиди и други антиоксиданти, црниот пипер помага и во целосна заштита на кожата, косата и спречување на појава на првут. Еве како да ја приготвите домашната маска од истиот.

Лута домашна маска за здрава и густа долга коса

Потребни состојки

  • ¼ шолја црн пипер
  • Половина шолја зејтин или мало од јојоба
  • 1 стаклена тегла со капак

Начин на подготовка и употреба

Измешајте ги сите состојки заедно до добивање на една мазна смеса, а потоа истата исипете ја во стаклена тегла. Добро затворете го садот и оставете ја смесата да отстои 2 недели.

По 2 недели, прецедете го маслото со помош на газа и нанесете го истото врз корените на вашата коса. Покријте ја косата со капа за туширање или најлонска ќеса, завиткајте ја во топла крпа и оставете ја маската да дејствува 30 минути. На крај темелно измијте ја вашата коса.

Практикувајте го домашниот третман еденаш или двапати месечно и брзо ќе ги забележите посакуваните резултати.