Пригответе ја следната златна супа и зајакнете го имунитетот и вашето здравје. Благодарение на истата ќе ја подобрите отпорноста на организамот кон вирусите и воедно ќе ги елиминирате штетните токсини од телото! Еве како уште денес да ја направите!

Прочистувачка супа за зајакнато здравје и имунитет

Потребни состојки

  • 500 гр моркови
  • 1 глава кромид
  • 1 супена лажица ѓумбир
  • 700 мл пилешка супа
  • 100 гр павлака
  • 3 супени лажици зејтин
  • По вкус сол и мелен црн пипер

Начин на подготовка

Изгмечете го кромидот и ситно изрендајте го ѓумбирот. Додадете ги ѓумбирот и кромидот во зејтинот и оставете ги да отстојат 5-7 минути. Исечете ги морковите на коцки и додадете ги кон ѓумбирот и кромидот. Сето залејте го со пилешката супа. Оставете ја смесата да зоврие и потоа да се приготвува на слаб оган дополнителни 30 минути.

Откако морковите ќе омекнат, отстранете ја смесата од оганот. Употребете пасатор за да направите во форма на пире, а потоа кон истото додадете павлака, сол и мелен црн пипер по ваш вкус. Оставете го пирето да зоврие и гответе уште 5 минути.