Во денешно време, кога двајцата родители се вработени и едноставно зафатени од секојдневните обврски, бабите и дедовците доаѓаат на помош да ги чуваат своите внуци додека мама и тато не се вратат од работа.

Една баба од Австралија, која работи од дома, мораше да престане да работи неколку дена во текот на неделата за да го чува своето едногодишно внуче, поради што реши да ја наплати оваа услуга.

Имено, бабата побара од својата ќерка и зетот  15 долари на час (750 денари) за да се грижи за своето внучи а таа својот потег го објаснува дека со тоа што ќе го чува внучето, ќе мора да ја напушти својата работа на неколку дена. Нејзината ќерка понудила да плаќа на бабата 10 долари од час (500 денари), но бабата ја одбила таа сума, дури и се налутила заради малата понуда, пренесуваат австралиските медиуми.

„Не раководам со градинка, ми требаат пари за да ја надокнадам платата што ќе ја изгубам затоа што нема да ја работам својата работа неколку дена“- вели бабата на социјалните мрежи.

После тој пост, корисниците ја преплавија со коментари.

Голем број на корисници сметаат дека е очигледно дека оваа баба воопшто не сака да се грижи за нејзиниот внук, особено затоа што бара толку голема сума. Повеќето се едногласни дека толку многу пари се даваат на професионални дадилки кои имаат завршено училиште и разни курсеви, па ја прашале нивната баба какви квалификации има за да сака таков плата за чување на сопственото внуче.

Сепак, има и такви кои ја поддржуваат бабата, а како образложение велат дека компензација е она што е потребно на бабата бидејќи за тоа време таа ќе остане без дел од нејзиниот приход од работата.

„Дали е нејзина обврска да работи бесплатно за да помогне на својата ќерка?!“- гласеше еден коментар.

Кој, според вас, е во право?