Инфекција на стапалото: Најдобрите домашни лекови и кои симптоми бараат итна лекарска помош

Инфицираното стапало е често болна појава која може да го отежне одењето. Инфекција може да се појави по повреда на стапалото, при што бактериите можат да навлезат во раната, како што се расекотина или пукнатина на кожата и да предизвикаат инфекција.

Најчести причини за инфекција на стапалото и нивни симптоми

Причини за инфекција на стапало

Симптоми

  • Инфициран плускавец: Наместо проѕирна течност, е исполнет со жолт-зелен гној и околу истиот чувствувате болка, топлина и забележувате црвен осип.
  • Промени во бојата на кожата на стапалото
  • Непријатен мирис
  • Отекување
  • Промена на бојата на ноктите
  • Исцедок на течност или гној од стапалото

Причини

  • Атлетско стапало: Габична инфекција која настанува ако стапалата влажни подолго време, како што се потење во пар тесни чевли цел ден или работа во влажни услови. Најчест симптом е чешање и црвен осип, а започнува од просторот меѓу прстите.
  • Дијабетес: Со текот на времето, високото ниво на шеќер во крвта може да доведе до оштетување на кожата, крвните садови и нервите во стапалата. Се манифестира со плускавци, кои можат да се претворат во чиреви и да се заразат.
  • Рани: Исекотни и пукнатини на кожата на нозете може да дозволат бактерии да влезат и да предизвикаат инфекција, вклучително и бактериски целулитис.
  • Враснат нокт: Се појавува кога работ на ноктот ќе прерасне во кожата. Ова може да се случи кога носите тесни чевли или погрешно и закривено го сечете ноктот. Кожата околу враснатиот нокт може да го инфицира стапалото.
  • Плантарни брадавици: Мали израстоци кои се формираат на тежинските области на стапалата, како што се петите. Може да изгледаат како мала, груба лезија на дното на ногата или калус над дамка, ако брадавицата пораснала навнатре. Може да забележите и црни точки на долниот дел од стапалата.
  • Инфекција на стапалото по операција: Инфекцијата на стапалото е ретка, но можна компликација по негова операција, како што е фиксирање на фрактура на стапалото или глуждот. Ризикот за развој на инфекција на стапалото по операцијата е помалку од 1% кај здрави луѓе.

Како да ја третирате инфекцијата на стапалото во домашни услови

Домашен лек за инфекција на стапало

Бројни истражувања докажуваат дека маслото од чајно дрво може да помогне во елиминрањето на габите и габичните инфекции што истите ги предизвикуваат. Истовремено, природните средства како сода бикарбона, лук и хидроген пероксид во комбинација со јод се сметаат за едни од најефикасните домашни лекови.

Кога да посетите лекар?

Посета на лекар за инфекција на стапало

Закажете лекарски преглед доколку црвенилото, отокот и останатите симптоми на инфицираното стапало споменати погоре не поминат со домашно лекување. Воедно, покачената температура и појава на црвени линии кои се прошируваат се сметаат за алармантни симптоми, при што во тој случај веднаш посетете лекар.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *