Прекрасната 37-годишна турска актерка Мерјем Узрели која стана позната по нејзината улога во хит-серијата „Величествениот“, каде ја толкуваше улогата на Хурем Султан, сега на нејзините фанови им откри како изгледа во 8-от месец од бременоста.

Иако ги има намалено работните обврски и ангажмани, актерката открива дека обожава да учествува во фотосесии, при кои гордо позира со трудничкото стомаче!

Актерката веќе е мајка на преслатката Лаура Џемин Узрели.