Да бидеме реални актерот кој се прослави во „Игра на тронови“, Џејсон Момоа е вистински рај за очите. Но, освен што скоро ниту една жена не би му одолеала на изгледот, тој исто така има и одлична смисла за хумор. Момоа има традиција да се шегува со паровите кои сакаат да се фотографираат со него, така што го „исклучува“ мажот од фотографијата. Резултатот е смешен и интересен за сите страни во приказната, или барем така изгледа бидејќи не смеат да се пожалат.