Еден ден еден човек се вратил дома и забележал дека мајка верверица ги оставила двете нејзини бебиња во креветот на човекот. Тој се јавил во здружението за заштита на дивиот свет и Кристина и Мајкл пристигнале да помогнат во оваа необична ситуација.

Тие се обиделе повторно да ги соединат мајката и малите, но мајката одбивала да ги прими и на крајот си заминала. Една од верверичките починала, а шансите да почине и другата биле многу големи.

Затоа Мајкл и Кристина решиле да ја посвојат верверичката, на која ѝ го дале името Палчица, бидејќи била многу мала.

Палчица не растела како останатите верверички. Нејзиниот развој одел поспоро и дури и кога пораснала не сакала да јаде јадкасти плодови, туку сакала да пие млеко.

Исто така нејзините сопственици се обидувале да ја запознаат со други верверици за да може да се снајде во нејзината природна околина, но таа ги мразела останатите верверици. Наместо да скока оди полека и наместо да се искачува по дрвја најмногу сака да седи.

Мајкл и Кристина велат дека не знаат што мисли Палчица, кое животно е таа, но сигурно не се однесува како верверица.

Таа ужива цо љубовта која ѝ ја пружаат нејзините сопственици, сака шеќерни коцки, аругула и авокадо. Мрази да излегува надвор, студено време, други верверички и правосмукалка.