Поради својот уникатен и неповторлив состав, оваа состојка која е дел од сечија кујна, заслужува посебно внимание поради нејзините чудесни својства кои имаат извонредно дејство за целото тело.

Станува збор за киселото млеко!

Се разбира консумирањето на овој производ не е исто како консумирањето на лек, но сепак е незаменлива состојка која значително ја подобрува функцијата на цревата, а ги обновува и останатите системи во организамот.

Корисни својства на киселото млеко

Lactobacillus е уникатен пробиотик, кој влегува во составот на киселото млеко, а кој може да го спречи растот и развојот на бактериите како салмонела, хеликобактер пилори, како и ешерихија коли.

Пробиотиците се особено одлични за обновување и заздравување на надразнетите и воспалени цреви, што е честа состојба при појавите како дијареја.

Киселото млеко содржи помалку лактоза отколку полномасното млеко: При процесот на созревање, бактериите се претвораат во лактоза со млечна киселина. Токму затоа, луѓето кои се нетолерантни на лактоза, при консумирање на киселото млеко ги немаат вообичаени симптоми како подуеност, гасови и болки во стомакот.

Одличното варење на храната и забрзаниот метаболизам не се единствените придобивки од консумирањето на овој производ. Напитокот е богат со калциум, а содржи и уникатен витамин К2, кој е одговорен за апсорбирањето на калциумот, магнезиумот, фосфорот и витаминот Д, кои служат за поткрепа на коскеното ткиво.

Киселото млеко е ферментиран протеински напиток, а притоа нискокалоричен и лесно се преработува во дигестивниот систем. Исклучително е корисен доколку се консумира навечер, што го прави незаменлива состојка со која можете да си ја вратите контролата врз вашето тело.

Придобивките од консумирањето кисело млеко навечер

Една чаша кисело млеко, во зависност од процентот на масти што ги содржи производот, содржи едно 100-120 калории, 3-6 грама масти, 5-6 грама протеини, 8-10 грама јаглехидрати. Со таквиот состав, киселото млеко е одличен избор за ослободување од чувството на глад. Меѓу другото, истото ќе го забрза процесот на слабеење и побрзо ќе го стопи вишокот килограми, но се препорачува да се консумира кисело млеко со ниска масленост.

Киселото млеко и неговото дејство во текот на ноќта

  • Го отстранува чувството на глад
  • Го подобрува метаболизамот
  • Подобро апсорпција на калциумот
  • Ја спречува појавата на гасови и го регулира честото одење во тоалет
  • Овозможува здрав и квалитетен сон
  • Го зајакнува имунитетот за 70%, бидјеќи токму толкав процент на здрави телесни клетки се произведуваат во здрави црева

Како се употребува киселото млеко за слабеење?

За да имате поголема придобивка од овој производ, не се препорачува да го консумирате ладен, веднаш штом ќе го извадите од фрижидер, односно пред консумирање, извадете го од ладилникот, така што и напитокот ќе ја добие потребната собна температура. Пијте го бавно и со мали голтки.

Што се однесува до диетата со кисело млеко, таа се смета за докажано една од најефикасните и најбрзите начини за слабеење. Позитивните ефекти не се должат само на ниската калоричност на производот, туку и на фактот што цревата со неговото консумирање, ги апсорбираат супстанците кои се непходни за разградување на наталожените масти.

За побрз ефект, се препорачува во киселото млеко да додадете малку цимет, ѓубмир и кафена лажица мед. Доколку пак страдате од опстипација, во 200 мл дадете и 1 кафена лажица ленено семе. Од чувството на глад можете успешно да се ослободите доколку направите овесна каша со кисело млеко, наместо со обично или со вода.