Статистиките покажуваат дека скоро 1 милијарда луѓе ја користат социјалната мрежа Инстаграм, а само 60 милиони од нив секојдневно поставуваат фотографии на истата.

За повеќето луѓе, фотографиите го претставуваат нивното совршено секојдневие, кое сакаат да го споделат со остатокот од светот- патувањата, луксузниот шопинг, добрата храна, носењето совршена облека која не се совпаѓа со реалноста и слично.

Една девојка од Германија, Жералдин Вест ги охрабрува своите следачи да не му веруваат на тоа „совршенство“ и за таа цел, ја покажува вистинската реалност зад тие Инстаграм фотографии.

Нејзиниот креативен проект „Инстаграм наспроти реалноста“ вклучува урнебесни фотографии, во кои сите ние можеме да се пронајдеме: