Момчето, сега веќе возрасен маж, по неверојатната трансформација ја доби и работата од соништата и стана рекламно лице за брендот Келвин Клајн.

25-годишниот Дејвид Џејмс Сид, од Манчестер, уште како тинејџер се сокривал и ги мразел летните одмори, бидејќи се плашел да ја соблече облеката, бидејќи со тоа би го открил својот вдлабнат граден кош.

Кога имал 12 години, на Дејвид му била поставена метална шипка под градната коска, прицврстена и од двете страни на градниот кош, за да ги исправи и доведе коските во нивната правилна положба.

Металната шипка создавала голем притисок врз градите на момчето, а тоа резултирало со неподнослива болка.

Но, секоја секунда помината во агонија вредела, бидејќи пред само неколку денови, Сид ја исполни крајната фаза од овој третман и ја направи последната операција- металното парче конечно беше отстрането од неговите гради.

Сега благодарение на операцијата која му го смени животот, Дејвид работи како успешен модел и веќе соработува со многу познати брендови, меѓу кои и Келвин Клајн.