Нашето тело се потпира на водата, за да може правилно да функционира, и без доволно количество од истата, може да се јават некои непријатни ефекти.

Слично како и сонот, и водата е една од работите клучни за позитивните здравствени и естетски придобивки. Од општо познавање, сите знаеме дека потребно е да пиеме 2 литри вода дневно, за да ефикасно го прочистиме организамот и да останеме хидрирани.

Но колку сме успешни во тоа? Дали познаваме кога нашето тело е дехидрирано?

Бидејќи дехидрираноста не е само чувство на жед, во продолжение ви откриваме низа други симптоми на кои треба да внимаваме, особено сега, кога се соочуваме со високи летни температури.

1. Опстипација

Да, овој симптом воопшто не е пријатен за соочување. На нашиот дигестивен систем му потребно огромно количество на вода за да може да работи беспрекорно, бидејќи токму водата е таа која овозможува полесен проток на храната низ цревата  и нејзината преработка, бидејќи водата е клучна за одржување на дигестивното здравје.

2. Низок крвен притисок

Со фактот што половина и повеќе од нашата крв е составена од плазма кој сама по себе е составена од вода, протеини и сол, тоа значи дека потребно е да пиеме што повеќе вода за да спречиме преголема концентрација на крвта. Во спротивно, крвотокот започнува да се движи побавно, што влијае врз виталноста на внатрешните органи.

3. Мускулни грчеви

Друг непријатен и несакан ефект од дехидратацијата се мускулните грчеви, кои се резултат на преголемата концентрација на крвта, што за возврат предизвикува опаѓање на волуменот на истата.

Кога тоа ќе се случи, телото како приоритетен орган го става срцето, на кое најмногу му треба крв, а со самото тоа, мускулите започнуваат да добиваат несоодветен и недоволен проток на крв, кој предизвикува грчеви.

4. Главоболки

Дали сте знаеле дека дехидратацијата е најчеста причина за појава на мигрена?

Тоа се должи на фактот што кога нашиот мозок нема доволно течности за да функционира правилно, може да се појават низа симптоми како што се главоболки, мигрена и вртоглавица

5. Се чувствувате навистина изморено

Дехидратацијата е еден од начините на кои може да се објасни зошто се чувствувате претерано изморени во текот на денот. Крвниот притисок се намалува доколку нема доволно количество на вода во нашето тело, што предизвикува крвотокот до мозокот да забави, а отчукувањата на срцето да забрзаат. Кога овие две функции во таа форма ќе се комбинираат, тоа резултира со зголемено чувство на замор.

6. Намалена потреба за мокрење

На ист начин како што водата му е потребна на дигестивниот систем за да тој функционира, така водата им е потребна и на бубрезите.

Водата е клучна во работата на бубрзите и нивната функција во отстранување на отпадот од крвта, претворајќи го истиот во урина. Доколку се намали консумирањето на вода, ќе се намали и потребата за мокрење, но лошата вест е дека на овој начин отпадот ќе остане во крвта.

7. Темна боја на урината

Ова е една од последиците на претходно наведениот проблем со бубрезите. Колку е потемна вашата урина, толку е повисока нејзината концетрација, што означува дека потребно е да пиете повеќе вода.

Бојата на урината треба да биде бледа т.е светла.

8. Сува кожа

Лесно забораваме дека и кожата е орган и како таква, и нејзе й е потребна вода за правилно снабдување на истата со крв, за да ја задржи својата функција.

Да, навлажнувачките креми може да помогнат за подобрување на сувата кожа, но најдобриот начин тоа да го постигнете да е пиете што е можно повеќе вода.

9. Сува уста

Доколку телото страда од недостаток од вода, тоа не може да произведе доволно плунка, што ќе придонесе за зголемување на сувоста на устата. Истовремено, тоа ќе биде пропратено и со лош здив. Така, уште веднаш напијте се чаша вода доколку по прочитаното, сметате дека ги имате некои од овие симптоми.