Жолтите нокти- но не оние покриените со жолт лак, туку оние кои природно пожолтуваат најчесто резултираат со непријатен изглед и нè прават да се чувствуваме неудобно.

Што всушност ја предизвикува појавата на таквата боја на ноктите, при што понекогаш се трудиме да го сокриеме рацете пред останатите.

Истражувањата покажуваат дека некои луѓе едноставно генетски се посклони кон добивање жолти нокти со текот на времето, додека пак кај други луѓе, жолтите нокти се последица на никотин, лакови за нокти, појава на габички или некој здравствен проблем.

Таква состојба неретко влијае и врз ноктите на стапалата, кои дополнително имаат уште еден фактор на влијание, а тоа е фактот што поминуваат долго време затворени во обувките.

Доколку подолго време барате и се прашувате на кој начин да ги вратите вашите нокти во нормала, обидете се еден од 5-те следни природни и домашни начини:

1. Кислородна вода

Кислородната вода е природно прочистувачки производ, која помага за осветлување на ноктите, без да ја оштетува кожата околку и под нив. Подгответе мала купка со еднаков сооднос на вода и кислородна вода (3% водороден пероксид), а потоа во растворот додадете 2 кафени лажици сода бикарбона.

Потопете ги прстите во купката и оставете ги да отстојат 15 минути така, при што ноктите треба да бидат целосно покриени во растворот.

Практикувајте го овој третман секојдневно, за побрзо забележување на резултатите. По четвртиот ден, на ноктите нанесувајте хидратантна крема или кокосово масло.

2. Масло од чајно дрво

Етеричните масла содржат соединенија со прочистувачки и својства кои ја спречуваат појавата на габички, при што ги прави идеални средства за третирање на проблемите со кожата и ноктите.

Покрај тоа, маслата содржат и хранливи вредности, кои ги хидратираат ткивата и ги полнат со антиоксиданти.

Екстрактот од масло од чајно дрво има неверојатно ефикасно дејство при негово нанесување на ноктите Потребно е едноставно да капнете по 2 капки на и под секој од ноктите и оставете ги да ја впијат смесата. Може да го повторувате третманот неколку пати во текот на денот, а резултатите ќе бидат видливи по само 1 недела.

3. Избелувачка паста за заби

Избелувачката паста може да биде корисна не само за забите. Таа исто така помага и во осветлување на ноктите. Потребно е да нанесете паста на сите нокти и да ги оставите да отстојат така 10 минути. Потоа земете четка и внимателно поминете преку површината на ноктите, а на крај измијте со топла вода. Повторете го третманот неколку пати во текот на денот.

4. Лимон и сода бикарбона

Комбинацијата од овие природни состојки има извонреден ефект врз пожолтените нокти. Измешајте 1 супена лажица сок од лимон и 2 супени лажици сода бикарбона. Добиената паста нанесете ја врз површината на ноктите, а истовремено нанесувајќи и малку од смесата под врвот на истите. Со нежни движења, масирајте ја површината на секој од ноктите поединечно, а по неколку минути измијте со топла вода.

5. Јаболков оцет

Подгответе раствор од ½ чаша вода и ½ чаша јаболков оцет. Потопете ги ноктите во растворот и оставете да отстојат 15-20 минути а потоа исплакнете со вода. Повторете го третманот 2 пати во текот на денот, а притоа практикувајќи го истиот во текот на 2 недели. Растворот помага во успешно справување со жолтата боја и појавата на габичките.