Со сигурност сите знаат дека квалитетниот и здрав сон е неопходно да трае од 7 до 9 часа. Но, всушност малкумина знаат дека положбата во која се наоѓа нашето тело за време на спиењето е подеднакво важна за нашето здравје.

Експертите сметаат дека одредени положби за спиење може ефикасно да ги отстранат најчестите видови на болки, како на пример, болка во грбот или вратот или пак, да ви помогнат да се изборите со настинката и затнатиот нос.

Во продолжение ви претставуваме 9 лесни положби кои се решението за нашите најчести видови на болки, проследени со совети дадени од медицинските експерти од Хардвард:

1. При болки во грбот

Ако ве боли грбот, понекогаш едноставно само треба да легнете во правилната позиција за да почувствувате ублажување на болката. За оваа цел, обидете се да спиете на грб, за да ја ублажите или намалите болката во оваа област.

Експертите советуваат:

„Легнете на грб и поставете перница под вашите колена. Може да поставите и мала свиткана крпа при долниот дел на грбот.“

2. Ако почувствувате болка во рамената

На прво место, уверете се дека спиете на здравата страна, а не дека лежите на воспаленото рамо.

Експертите советуваат:

„Спијте на здравата страна, лесно свиткајте ги нозете со цел да ја прегрнете перницата. Поставете уште една перница меѓу колената, како што е прикажано на фотографијата погоре. Оние кои имаат болка и во двете рамена, треба да спијат на грб со рацете исправени до самото тело.“

3. Ако имате затнат нос

При затнат нос, положбата на спиење е клучна, бидејќи истата може да ја ублажи или влоши вашата состојба.

Експертите советуваат:

„Спијте со крената глава. Доколку вашата глава е спуштена надолу, слузот ќе го затне носот во текот на ноќта, па затоа поставете ја вашата глава на голема висока перница.“

4. При главоболка

Правилната положба за време на спиење може да ви помогне да се ослободите од главоболка, а неправилната може само да ја засили.

Експертите советуваат:

„При главоболка, важна е положбата на вратот. Неопходно е да спиете на грб, обградувајќи ја главата со перници, за да не се вртите во текот на ноќта.“

5. При менструални болки

Болните симптоми, поврзани со ПМС, може лесно да се ублажат во текот на ноќта, а тоа ќе ви помогне да спиете поквалитетно.

Експертите советуваат:

„Легнете на грб. Поставете перница под колената, за да вашиот ‘рбетен столб не се свиткува премногу.“

6. При висок крвен притисок

Луѓето кои страдаат од висок крвен притисок треба да посетат лекар, но исто така важно е во каква положба спијат.

Експертите советуваат:

„Кај мажите, високиот крвен притисок се намалува кога истите спијат со лицето свртено надолу.“

7. При дигестивни проблеми

Стомачната болка може да ве спречи да заспиете и квалитетно да одморите во текот на ноќта.

Експертите советуваат:

„Спиењето на левата страна ја подобрува дигестијата. Уште подобри резултати ќе добиете доколку поставите перница меѓу колената.“

8. При болки во вратот

Болката во вратот може да биде многу непријатна и да ви создаде големо чувство на неудобност, што лесно ќе го наруши квалитетниот сон.

Експертите советуваат:

„При болка во вратот едноставно поставете мала свиткана крпа директно под истиот. Ова ќе ви овозможи дополнителна потпора.“

9. Ако имате стомачни киселини

Оние кои често страдаат од стомачни киселини, знаат колку оваа состојба може да биде непријатна и колку истата лесно може да го наруши времето за спиење.

Експертите советуваат:

„При стомачни киселини, најдобро е да спиете на левата страна.“