Пчелниот полен со себе носи неверојатни својства! Ниту еден друг пчелен производ нема таква витална полза за човечкото здравје како поленот, кој ги содржи сите витамини, цел комплекс од минерали и бројни аминокиселини.

Лековитите својства на пчелниот полен

Поленот се смета за природен антибиотк и совршена замена на бројни синтетички аналози, кои со себе носат многу несакани ефекти. Поленот го зајакнува имунолошкиот систем, ја зголемува психичката и физичка издржливост, како и целокупното здравје на телото.

Пчелниот полен се препорачува да се прима како превентивно и терапевтско средство во следните случаи:

  • Заболување на црниот дроб
  • Стрес, нервоза и депресија
  • Кардиоваскуларни заболувања
  • Атеросклероза и хипертензија
  • Намален имунитет кај деца и возрасни
  • Настинки, пвнемонија, бронхитис, ларингит, анемија
  • Алергии предизвикани од храна
  • Заболување на простатата и намалена потенција

Употреба на поленот

Употреба на поленот зависи од возраста и телесната тежина на личноста, како и за која цел се употребува. За спречување на разни заболувања и зајакнување на целокупниот организам, неопходно е чист пчелен полен да се раствора 3 пати дневно, 30 минути пред секој оброк.

Дневната доза за возрасен човек не треба да надминува 10 грама. По 1 месец употреба за превентивни цели, потребно е да се направи пауза од 1-2 месеци, а потоа да се повтори третманот.