Што е повкусно во студените јануарски денови од парче десерт со арома на топло кафе? Токму вакво задоволство ви имаме подготвено денес, односно во продолжение откријте го рецептот за ароматичната и брза кафе-торта.

Брза кафе-торта со моќна арома

Потребни состојки

  • Половина шолја кисело млеко (100 мл)
  • 4 кафени лажици растворливо кафе
  • 2 јајца
  • 1 шолја шеќер
  • 100 гр путер
  • 1 шолја брашно (130 гр)
  • 1 кафена лажица сода бикарбона
  • Малку оцет
  • 200 мл кисела павлака + 3-4 супени лажици шеќер

Начин на подготовка

Земете половина шолја кисело млеко од најобичното со 2,5 % масленост и кон истото додадете 3 кафени лажици растворливо кафе и добро измешајте ги состојките.

Важно е млекото да не биде ладно и притоа кафето треба да се раствори во него. Измешајте ги состојките и оставете да отстојат 20 минути.

Јајцата исто така треба да бидат на собна температура. Скршете и изматете ги, до добивање на пена. Следно, додадете го шеќерот и матете дополнителни 3 минути, до целосно растворање на шеќерот, а потоа додадете го омекнатиот путер.

Следно, во смесата додадете го киселото млеко со кафето и добро измешајте ги сите состојки заедно. Додадете го и брашното и повторно измешајте, до добивање една соединета смеса. За мешањето употребете миксер.

Измешајте ја содата со малку оцет, а добиената смеса додадете ја кон претходното тесто и добро измешајте ги состојките.

Додадете го тестото во сад покриен со хартија за печење или премачкан со масло за готвење и поставете ја смесата да се пече на 160-170°C, за околу 50-60 минути.

Откако тестото ќе биде готово, оставете го истото да се излади, а во меѓувреме подгответе го кремот.

За таа цел, измешајте 1 кафена лажица растворливо кафе, кисела павлака и 3-4 супени лажици шеќер (може и шеќер во прав). Добро измешајте и оставете ја смесата да отстои, додека кафето добро да се раствори.

По поливина час, пресечете го тестото на два дела и секој дел премачкајте го со крем, почекајте  15 минути, за да се впие првиот слој, а потоа нанесете и втор слој.

Следно, соединете ги овие два дела и со остатокот од кремот, премачкајте ја целата торта. Одзогра декорирајте со изрендана чоколада, а по желба може да додадете и јаткасти плодови или овошје.

Пријатен апетит!