Отстранување на вишокот маснотии е тешко и е потребен подолг период. Ова се неколку трикови кои што ќе ви помогнат значително да го забрзате овој процес.

 

Вода


Конзумирајте доволно вода, таа ви помага да ги отстраните штетните отпадоци од вашето тело и ја одржува температурата на телото. Оваа се најдобрите моменти за внесување на вода во организмот:

  • Испијте топла чаша вода веднаш штом ќе станете од спиење
  • Чаша вода пред оброци
  • Кога вежбате, испијте вода половина час пред вежбањето, и по една голтка на секои 15 минути
  • Наполнете го стомакот со вода секогаш кога имате потреба за повеќе храна
  • Испијте чаша вода пред спиење

Јаглехидрати

Доколку се префрлите на ниско калорична диета ќе ги изгубите маснотиите, затоа што ќе земате намалена доза на иснулин, кој е исто така хормон за складирање на масти. Избирајте јаглехидрати кои имаат низок или среден гликемиски индекс , како што се:

  • Овошје
  • Овес
  • Тестенини, ориз и интегрален леб

 

Тегови


Под брз метаболизам се подразбира согорување на повеќе калории и килограми. Најдобриот начин да го забрзате метаболизмот на вашиот организам е со добро вежбање. Додавањето на тегови во вашите вежби ќе ја зголеми ефикасноста на вежбата и ќе му помогне на метаболизмот да остане во најдобра кондиција дури и неколку часа по вежбањето.

Протеини


Амино киселините се клучни за развојот на мускулното ткиво. Храната која што има најголема количина на амино киселини има и најголема количина на протеини. Најдобри извори на протеини се:

  • Варени јајца
  • Риба
  • Мисирка и пилешки гради
  • Црвено месо без масти
  • Млечни производи, како  сирење или јогурт

Маснотии


Можеби звучи чудно, но на вашето тело му се потребни маснотии кои ќе ги произведуваат хормоните кои што ги согоруваат мастите. Но не сите маснотии се исти. Трикот е да се заменат лошите со добрите маснотии. Заборавете на хамбургерите и помфритот, здравите масти се наоѓаат во продукти како:

  • Маслиново, сончогледово и пченкарни масла
  • Авокадо
  • Туна, сардина и лосос
  • Ореви, бадеми и лешници

 

Детоксикација


Еве кои типови на храна треба да ги конзумирате доколку сакате природно да го исчистите организмот:

  • Краставица
  • Пиперка
  • Морков
  • Спанаќ
  • Марула

Кардио

Потребни се од 40 до 60 минути кардио вежби, 5 дена во неделата за да ги намалите мастите во телото. Друга опција е интензивното интервалско вежбање. На пример:

  • Burpees (30 секунди). Започнете во стоечка позиција. Поставете ги рацете до подот точно пред нозете. Скокнете со нозете во позиција на штица, направете еден склек и скокнете со нозете на назад, кон рацете. Од оваа позиција скокнете колку што е можно повисоко.
  • Одморете една минута
  • Скокање со јаже (30 секунди)
  • Одморете една минута
  • Сквотови ( 30 секунди)
  • Одморете една минута