Повеќето од нас сме слушнале дека активниот јаглен е одличен лек како прва помош во ситуации на труење, но тој истовремено е и униктен лек за многу работи. Во продолжение откријте на кои 7 чудотвори начини тој може да влијае врз нашето тело.

1. Може да ги избели вашите заби

Активниот јаглен има негативен електричен набој, кој помага да се привлечат токсините и слободните радикали, кои имаат позитивен полнеж. Истовремено, ги собира и честичките од забниот камен, кои оставаат дамки врз забите и на овој начин, активниот јаглен помага во нивното белеење.

За ова потребно ви е активен јаглен во прав или пак едноставно користете таква паста, која кај нас може да се најде во ДМ маркетите.

2. Помага да се ослободите од акни и црнки

Активниот јаглен се врзува со бактериите, нечистотијата и токсините на кожата, кои ја предизвикуваат појавата на акни и црнки и ефикасно ги отстранува.

За оваа намена, користете маска за лице со активен јаглен. Можете да ја купите готова, а доколку сакате да ја направите дома, се што ви е потребно е 1/2 лажица активен јаглен измешан со 2 лажици вода. Нанесете ја смесата со четка, почекајте да се исуши, а потоа измијте со вода.

3. Го ублажува чешањето и осипот предизвикани од убоди од инсекти

Ако моментално се соочувате со убод пчела или комарец, а ја немате потребната маст, не грижете се! Бидејќи активниот јаглен се врзува и ги отстранува токсините, отровите и алергените од организамот, тој може да ви послужи како одлична алтернатива.

Направете ја домашната смеса така што, ќе го измешате правот од 1 капсула активен јаглен со 1/2 лажица кокосово масло. Нанесете ја смесата врз убодот и повторувајте на секои 30 минути, додека чешањето не престане.

4. Успешно се бори против мувлата и ги спречува болестите предизвикани од неа

Повеќето од нас се изложени на мувла дома или на работното место, без да сме свесни за тоа, а мувлата може да предизвика откажување на бубрезите и црниот дроб, па дури и мозочни проблеми, почнувајќи од обична главоболка, потоа повраќање, па дури и депресија.

За нејзино отстранување постојат бројни хемиски средства, но доколку сакате на природен начин да се ослободите од истата, користете активен јаглен.

Измешајте 1/2 шолја активен јаглен во прав со 1 шолја вода и сместа нанесете ја на мувлосаните површини и места. Оставете да отстои 10-20 минути, а потоа исплакнете со вода.

5. Ги штити бубрезите и црниот дроб од отрови

Секојдневно, на различни начини сме изложени на токсини и тоа преку храната, домот, околината и работното место. Токсините имаат штетно влијание врз органите и самите системи, а притоа предизвикуваат предвремено стареење.

Затоа експертите препорачуваат да се земаат по 2 капсули активен јаглен, по изложувањето на организамот на токсини, преку горе наведените начини.

6. Ја чисти косата од нечистотии и остатоци од козметичките производи

Бидејќи по долгото користење на различни производи за нега, во косата се акумулираат остатоци од истите, а со тоа нечистотија, при што косата станува мрсна и губи од својот убав изглед.

За ова, активниот јаглен е совршениот избор бидејќи ги апсорбира нечистотиите и остатоците и веднаш ги отстранува.

Измешајте 1 лажица активен јаглен во прав, 2 лажици шампон со природни состојки и 1/2 шолја топла вода. Нанесете ја смесата како обичен шампон, на мокра коса, а потоа исплакнете со вода.

Внимавајте, активниот јаглен може да ја бојадиса вашата коса, па поради претпазливост, прво тестирајте на мала површина.

7. Го чисти дигестивниот систем

Како резултат на тоа што дишеме загаден воздух и јадеме храна третирана со хемикалии и пестициди, во нашето тело се акумилира големо количество на отрови. А со отстранувањето на токсините и алергените од дигестивниот систем, целата функција на телото, како и имунолошкиот систем, значително ќе подобрат.

Некои лекари препорачуваат да се консумира 10 грама активен јаглен, 90 минути пред секој оброк за време од 2 дена. А истовремено, оваа доза можете да ја комбинирате со вашата храна, на пр. да ја додадете во домашниот милкшејк или природен сок што го правите со блендерот.