Потребите за исхрана на жените се менуваат во текот на менструалниот циклус и флуктуацијата на хормоните не е единствената причина за тоа. Тие исто така ги губат основните минерали и витамини преку крварењето.

Со цел да се вратат овие загуби, експертите препорачуваат урамнотежена исхрана во согласност со нивните циклус. Одредени производи можат да ви помогнат да одржите здраво ниво на  неопходните елементи и притоа ефикасно да се изборат против честите појави на грчеви, отоци, главоболки, гадење и замор.

За таа цел, денес ви откриваме кои 6 видови на храна треба да ги консумирате за време на вашата менструација, а кои 4 видови да ги избегнувате:

Храна која треба да ја консумирате за време на менструалниот циклус

1. Брокула

Жеезото е минерал што најмногу го губите за време на менструалното крварење. Брокулата ќе ви помогне да ја надоместите загубата. Покрај железо, брокулата е богата со растителни влакна, магнезиум и калиум, кои ќе помогнат да се намали подуеноста, да се поправи варењето и да се релаксираат мускулите доколку страдате од грчеви.

2. Банани

Бананите може да бидат вашиот најдобар избор за грицкање за време на вашиот менструален циклус. Овие плодови се полни со калиум, магнезиум и растителни влакна и истите ќе ви помогнат да ги нормализирате нередовните движења на дебелото црево, дијареја и како и да ја контролирате желбата за дополнителни грицки.

3. Темно чоколадо

Доколку ви е потребен изговор за да јадете повеќе чоколадо, еве еден одличен. Темното чоколадо содржи многу здрави минерали како железо, магнезиум, антиоксиданти и флаваноли. Тоа може да го стимулира протокот на крв и да ги релаксира крвните садови. Темното чоколадо воедно ќе го зајакне и подобри вашето расположение!

4. Лосос

Лососот треба да се вклучи во која било исхрана која се смета за здрава затоа што содржи здрави омега-3 масни киселини и е богат извор на протеини. Консумирајте лосос за време на вашиот менструален циклус за да го намалите воспалението, да ги олесните грчевите и да го регулирате целиот процес.

5. Ѓумбир

Ѓумбирот е добар за контролирање на воспалението, но исто така ќе ви помогне да ја намалите менструалната болка. Додадете свеж ѓумбир во вашиот чај доколку страдате од абдоминална непријатност.

6. Портокали и лимони

Консумирајте повеќе овошје со цел да го зголемите внесот на витамини и да ги намалите желбите за шеќер во текот на вашиот менструален циклус. Агрумите се особено добрар избор за оваа цел. Покрај витамини, тие содржат многу растителни влакна и вода, што ќе го одржи вашето тело хидрирано и ќе го стимулира варењето на храната. Покрај тоа, агрумите се добри за ублажување на чувството на гадење и други непријатни состојби поврзани со менструацијата.

Тие исто така можат да го намалат протокот на течност, доколку крварите многу.

Храна која треба да ја избегнувате за време на вашиот менструален циклус

1. Млеко

Треба да избегнувате млечни производи доколку имате постојани грчеви и болка во стомакот. Млекото содржи лактоза, специфичен вид шеќер што кај некои луѓе потешко се вари. Покрај тоа, лактозата може да предизвика надуеност, болка во стомакот и гадење – сите работи што веќе може да ги имате заради вашиот менструален циклус.

2. Бонбони и грицки

Вашите омилени грицки може да го подобрат вашето расположение, но тие исто така придонесуваат за надуеност, маснотии и воспаление заради количината на рафиниран шеќер што ја содржат. Вашето тело веќе поминува низ доволно проблеми со губење на крв и витални минерали. Во овој случај, треба да се ослободите од вештачкиот шеќер во корист на природниот вид што сте го добиле од овошјето.

3. Кофеин

Истражувањата покажуваат дека  внесот на кофеин за време на вашиот менструален циклус, всушност може да го продолжи неговото траење и во некои случаи, дури и да донесе аменореа, отсуство на менструација. Покрај тоа, кофеинот придонесува за ескалирање на предменструалниот синдром. Во случај да имате тенденција да страдате од ова, треба да избегнувате пиење кафе пред и после вашиот менструален циклус.

4. Зачинета храна

Консумирањето зачинета храна може да резултира со дополнителна непријатност во стомакот. Меѓутоа, доколку изберете мудро, некои зачини може да бидат корисни за вашето тело за време на не толку прекрасниот менструален циклус. На пример, свежото чили е познато по своите антивоспалителни ефекти, а шафранот ефикасно го лекува заболениот дигестивен систем.