Кога времето ќе застуди, доаѓа момент за приготвување на омиленото зимско мезе на македонскиот народ- туршијата. Таа е безвременски класичен додаток на трпезата во секој дом, во периодот од Ноември до Април.

Доколку сè уште не сте ја затвориле туршијата, тогаш денес за вас имаме предлог да го пробате овој универзален и лесен рецепт за мешана туршија без варење. Во продолжение прочитајте го деталниот рецепт.

Мешана туршија без варење

Потребни состојки

  • 2 глави карфиол
  • 1 кг зелени домати
  • 1 кг моркови
  • 1 кг црвени пиперки
  • 1 кг корнишони
  • Целер
  • 4 супени лажици сол
  • 4 супени лажици шеќер
  • 4 таблети аспирин
  • Оцет- до долниот раб на теглата

Начин на подготовка

Исчистете и измијте ги зеленчуците, скинете го карфиолот на одделни делови, а останатите зеленчуци исечете ги. Поставете ги сите состојки заедно во голем сад и добро измешајте ги. На дното на теглата исипете го оцетот, солта, шеќерот и аспиринот. Започнете да ја полните теглата со зеленчук и притоа добро притискајте го истиот. Налејте вода и затворете со капак.

Протресувајте и свртувајте ги теглите секој ден, а по 10 дена, туршијата ќе биде готова за консумирање!

Пријатен апетит!