Повеќето луѓето често прават грешки, при мерењето на својот крвен притисок. Но, дури и најмалите грешки водат до неправилни резултати, а како последица на тоа, најчесто и до употреба на погрешни лекарства, што може да биде опасно.

Еве кои се тие 6-те најчести фатални грешки:

1. Го мерите притисокот на погрешната рака

Тоа може да доведе до добивање на лажни ниски вредности. Во принцип, крвниот притисок може да биде измерен и на двете раце. Вообичаено притисокот во една рака е понизок, додека пак во другата е повисок. Решавачки факор секогаш е поголемата добиена вредност.

На почетокот на лекувањето на хипертензијата, кое вклучува набљудување и следење на крвниот притисок, истиот треба да го измерите и на двете раце, но во иднина секогаш треба да го мерите на раката при која крвниот притисок би бил повисок.

2. Олабавате ги малку манжетните

Тоа исто така доведува до лажни високи вредности. Измерените вредности на крвниот притисок се повисоки, отколку што навистина се.

3. Раката е притисната од облеката

Доколку сте го свиткале ракавот на блузата, за време на мерењето на притисокот, истиот може да ја притисне вашата рака во пределот кај рамото. Како резултат на тоа може да добиете погрешни вредности, при што, затоа е најдобро целосно да ги ослободите вашите раце од облека.

Не е неопходно да соблекувате тенка блуза и при истите, можете манжетните да ги поставите врз истата.

4. Не ја држите правилно раката на манжетната

За време на мерењето на притисокот, манжетната треба да е на нивото на срцето, бидејќи само тогаш измерената вредност ќе ја даде вистинската слика за состојбата на вашиот крвен притисок.

Доколку манжетната е над нивото на срцето, измерените вредности може да бидат лажно ниски, а доколку е поставена под нивото на срцето, тогаш тие ќе бидат лажно високи.

5. Го мерите крвниот притисок веднаш по оброкот

Кога телото прима храна, големо количество на крв се испраќа во дигестивниот систем. Доколу го мерите крвниот притисок во ваков момент, тогаш притисокот ќе се измери како понизок, отколку што навистина е. По оброкот, неопходно е да помине 1 час, пред да го измерите притисокот.

6. Консумирате алкохол, чај или кофеин

Сите овие три напитоци водат до добивање на погрешни вредности при мерењето на крвниот притисок. Алкохолот на пример, може да ги рашири крвните садови, што може да го намали крвниот притисок, а потоа истиот повторно се зголемува и станува повисок од претходно.

Од друга страна, консумирањето на чај или кофеин може да го зголеми крвниот притисок во рамките на неколку часа.