Речиси секој од нас има слушнато за случаи на заразување со тенија. Но, дали точно знаеме што претставува оваа опасна состојба?

Денес ви ги претставуваме симптомите на тенија во организамот, но најпрво да започнеме со најлогичното прашање.

Што е тоа тенија?

Тенијата претставува долг паразит кој навлегува во телото како резултат на внесувањето на јајца од тенија во организамот. Ова може да се случи на најразлични начини, а најчеститие се лоша хигиена и консумирањето одредени видови на храна, како на пример, сурово свинско месо, говедско месо и риба или вода која содржи фекалии.

6 рани симптоми на тенија во организамот

1. Болки во стомакот

Во било кое време, кога постои нешто невообичаено во цревата, возможно е тоа да резултира со болка во стомакот. Стомачната болка предизвикана од тенија често се опишува како неочекувана болка, која продолжува да трае долг период и се појавува редовно.

2. Дизентерија

Дизентеријата е восплание на цревата, која вообичаено се манифестира преку симптоми како крв и слуз при празнењата на организамот. Оваа состојба најчесто доведува до хронична дијареја.

3. Замор

Невообичаениот замор често се среќава како основен симптом кај луѓето со оваа паразитска инфекција. Експертите сметаат дека заморот настанува како резултат од загубата на енергија, предизвикана од зголемениот имунолошки одговор, неопходен за борбата на организамот против тенијата.

4. Празнење на цревата проследено со ларви

При присуството на паразитска инфекција како тенијата во организамот, при празнењето на цревата може да се појават и ларви.

5. Симптоми слични на грип

Дигестивното надразнување може да доведе до загуба на апетит. Уште полошото е што овој вид на паразитска инфекција може да предизвика симптоми кои многу наликуваат на симптомите на стомачен грип, вклучувајќи дијареја, гадење и повраќање.

6. Оштетување на црниот дроб

Ларвите на тенијата може да ги напуштат цревата и да навлезат во црниот дроб. Без преземени лекарски мерки, ларвите лесно може да ја нарушат функцијата на овој орган, што пак негативно ќе се одрази и на самиот крвоток. Некои од најчестите симптоми при оштетувањето на црниот дроб вклучуваат болки во стомакот, подуеност на глуждовите и нозете, надразнување на кожата, потемнета урина, хроничен замор и загуба на апетит.