Безброј пати сме зборувале за здравиот начин на исхрана и сме пишувале рецепти за диетални јадења, но денешниот рецепт е со двоен ефект.

Станува збор за појадок кој ќе ви помогне лесно да го контролирате чувството на глад до самиот ручек и еве кои здравствени придобивки ги носи истиот:

  • Го поттикнува слабеењето
  • Го зајакнува имунитетот
  • Помага на телото лесно да се справи со бактерии и вирусни инфекции
  • Ја подобрува состојбата на косата

Во продолжение прочитајте како едноставно да го приготвите оброкот.

Здрав појадок за слабеење и разубавување

Потребни состојки

  • 2 супени лажици овесни снегулки
  • 1 шолја (250 мл) нискомаслено кисело млеко
  • 1 кафена лажица какао во прав
  • 1 кафена лажица сомелено ленено семе
  • 5-7 суви сини сливи
  • 100 мл вода

Начин на подготовка

Пригответе го оброкот претходната вечер, а веќе следното утро насладете се на неговиот вкус и моќниот ефект.

Полејте ги сините сливи со врела вода, покријте го садот и оставете ги сливите така да отстојат 10 минути.

Одделно измешајте ги овесните снегулки, какаото и лененото семе. Следно, додадете го и киселото млеко и добро измешајте ги повторно сите состојки заедно.

Прецедете ја водата од сливите и истите исечете ги на ситни парчиња. Сите состојки додадете ги во блендер и измешајте до добивање на една соединета смеса.

Доколку редовно го консумирате овој појадок, по само неколку дена ќе ги почувствувате лековитите придобивки.