Сите ние се сеќаваме на времето кога бевме деца и го мраземе спиењето, додека во како возрасни го обожаваме и никогаш не ни е доволно. Сепак, поради работи како стресот и зрелоста, не сите можат спијат доволно и да одморат квалитетно.

Добрата вест е дека овој проблем може лесно да се реши! Истражување спроведено на Универзитетот во Колорадо открива дека луѓето кои ја минале ноќта во шатор, спиеле во просек 10 часа и притоа заспале 2 часа порано отколку кога се дома.

Во продолжение следуваат 6 причини зошто спиењето на отворено е добро за вашето здравје:

1. Изложени сте на природна светлина

Според истражувањето на Универзитетот во Колорадо, изложеноста на природна светлина ќе го ресетира и ќе го обнови природниот биортиам на вашето тело.

Доколку конечно сакате да се збогувате со непроспиените ноќи, тогаш размислете за спиење надвор, на отворено, без никаква техонолгија.

2. Се менува вашето ниво на мелатонин

Ова истражување сугерира дека вештачката светлина од вашиот паметен телефон или компјутер може да го намали нивото на мелатонин, што влијае на квалитетот на вашиот сон.

Затоа треба да се обидеме да спиеме на отворено секогаш кога ќе имаме можност за тоа.

3. Се зајакнува вашиот имунолошки систем

Истражување спроведено во Јапонија покажа дека поминувањето околу 2 часа дневно во природа, доаѓа со големи придобивки за нашето здравје. Предности како што се – понизок крвен притисок, ниско ниво на кортизол, пониски стапки на пулсот, како и повисоко ниво на бели крвни клетки.

Јапонците го опишуваат ова како шумско капење, што значи дека кога поминуваме време меѓу шумски хемикалии кои се ослободуваат од дрвјата, нашето здравје значително се зајакнува и обновува.

Покрај тоа, дури и едно ноќното спиење на отворено може да ја зајакне нашата имунолошка активност за период на најмалку една недела!

4. Се подобрува мозочната и општата телесна функција

Нашиот мозок користи многу кислород за да работи правилно, а кислородот им е потребен и на нашите мускули. Не е тајна дека колку поквалитетен кислород вдишуваме, толку подобро е за нас и нашето здравје.

Значи, спиењето надвор не е само релаксирачко и искуство без технологија, туку и природен начин за обновување на тело и мозок!

5. Се намалува вашето ниво на стрес

Да, ова е една од најголемите придобивки! Со современиот и бурен на живот, повеќето луѓе се подложени на огромен стрес.

Еднос истражување покажува дека дури и гледањето фотографија од дрво ќе го намали нашето ниво на  стрес, а гледањето во вистински дрјва ќе биде уште покорисно за нашето психичко здравје. Не само тоа, туку звуците на отворено исто така нè смируваат и го подобруваат квалитетот на нашата релаксираност.

Значи, доколку не ви пречат повремените звуци на животните, тогаш ќе ви се допадне спиење на отворено и притоа тоа ќе биде една од најопуштените работи што сте ги направиле!

6. Нема повеќе вдишување на застојан воздух

Според експертите, доколку работите во канцеларија или поминувате поголем дел од вашето време на место без соодветна вентилација, тогаш вашите нивоа на СО2 се најверојатно високи, што го засилува вашиот мозок на негативен начин и ве прави помалку продуктивни, а неретко се манифестира и со главоболки и проблеми со дишењето.

Одморете се надвор за да се ослободите од целиот тој застојан воздух во мозокот!