Моќта отсекогаш низ историјата се сметала за одлика на мажите, но историјата исто така сведочи дека многу влијателни дами секогаш ги остварувале своите цели, по секоја цена.

Доколку сакате да бидете во тек со „хороскопските случувања“ погледнете ја мобилната апликацијаХороскоп на македонски јазик, која можете бесплатно да си ја инсталирате на вашиот мобилен телефон преку Google Play (кликнете овде).

Некои дами во хороскопот едноставно не поднесуваат кога контролата не е во нивни раце и мразат доколку некој се обиде да управува со нивниот живот. Тие се родени лидери, кои живеат според своите правила.

Тие обожаваат да управуваат со сите работи, да поставуваат ултиматуми, а токму нивната моќ и незавиност е она што ги плаши мажите.

Еве за кои три претставнички на хороскопот станува збор:

1. Овен

Овие дами се вистински оган. Врските со нив секогаш се исполнети со многу страст и емоции, но никогаш не прават компромиси во име на љубовта. Кога се во право, тие дури не сакаат ниту да го слушнат објаснувањето на соговорникот. Дамите во знакот на Овенот секогаш можат повеќе од нивните партнери. Знаат точно што сакаат и точно како истото да го добијат.

2. Девица

Девиците се исклучително упорни жени. Доколку зацртале некој цел, тие истата ќе ја претворат во реалност, по секоја цена. Дури и да им застанете на патот, овие челични дами никој не може да ги запре. Не ги поднесуваат партнерите кои им кажуваат што да прават, бидејќи Девиците се независни жени.

Овие дами секогаш знаат подобар начин како да ги направат работите, а со тоа несвесно и ненамерно го прават нивниот партнер да се чувствува помалку силен.

3. Скорпија

Скорпиите може да изгледаат нежни и мили на прв поглед, но се толку многу моќни, што можат да му направат големи проблеми на партнерот кој ги повредил. Сакаат сите работи да бидат под нивна контрола, при што понекогаш може да бидат и малку агресивни. Тие се полни со страст, што ги прави неодоливи, но нивната моќ често влијае негативно врз врската, бидејќи токму моќта е она од што понекогаш се плаши нивниот партнер.

4. Јарец

Тоа се жени кои сакаат сè да контролираат и секогаш да бидат број 1. Понекогаш ја занемаруваат нивната врска, бидејќи се посветуваат на кариерата, бидејќи додека не ги остварат своите зацртани цели, тие не можат да го дадат целото нивно внимание на нивниот партнер. Кога ќе се сетат на нивниот партнер, неговата љубов веќе е исчезната.