Во текот на последните години, идејата да целосната детоксикација, односно прочистување на телото стекна навистина голема популарност, а самиот концепт датира уште од древни времиња.

Детоксикацијата на организамот со помош на правилната исхрана му помага на телото да ги елиминира сите штетни токсини од истото, при што на овој начин значително го зајакнува неговиот имунитет и го штити нашето здравје.

Постојат бројни популарни и корисни методи за детоксикација, а ние за денес ви претставуваме кои 5 видови на храна најдобро помагаат за прочистување на организамот.

1. Лимон

Лимонот важи за еден од најефикасните производи, кој значително ги подобрува метаболичките процеси и состојбата на кожата, го стимулира дигестивниот систем и го подобрува крвотокот. Помага во зајакнување на имунитетот и штити од разни заболувања.

2. Цвекло

Цвеклото го зазема второто место на оваа листа, како најдобар производ за прочистување на телото, благодарение на големото количество на пектин што го содржи, кој помага за ефикасно елиминирање на токсините од организамот.

3. Моркови

Веќе и научно докажано е дека морковите не помагаат само за подобрување на нашиот вид, туку и играат важна улога во отстранувањето на токсините од бубрезите. Морковите се особено корисни за зајакнување и на крвта, поради нивниот моќен витамински состав.

4. Ѓумбир

Уште одамна светот е запознаен со чудесните својства на ѓумбирот. Се користи против разни заболувања, за ефикасно прочистување на организамот, како и за значително зајакнување на имунитетот. Ѓумбирот важи за моќен природен антиоксидант и антибиотик.

5. Ананас

Ова кралско овошје помага за прочистување на крвта и регулирање на холестеролот, како и во подобрување на дигестивниот систем, при што му помага на телото да се ослободи од наталожените токсини и масни наслаги. Природниот ензим бромелаин помага во побрзо варење на храната, ублажување на спазмите, уништување на патогените бактерии и опуштање на мускулите.

Храната како јаболкото, целерот, грејпфрутот и пиперките исто така се одличен избор за ефикасна детоксикација на организамот.