Речиси секој од нас ја обожава и ужива во вкусната храна, но кој би помислил на кулинарските задоволства доколку се соочува со затнати артерии, висок крвен притисок и нарушен сон?

Еве која храна е потребно умерено и висока претпазливост да ја консумирате, доколку сте над 50 години, бидејќи во спротивно, тоа штетно би влијалео на вашето здравје:

1. Сол

Застапеноста на претерано количество на сол во вашето дневно мени лошо влијае врз вашиот крвен притисок. Солта го тера телото да ја задржи водата, која пак влијае на зголемување на крвниот притисок. Колку е повисок крвниот притисок, толку пооптеретена е функцијата на срцето, бубрезите, артериите и мозокот. Прекумерената консумција на сол може да доведе до срцеви заболувања, мозочен удар и заболувања на бубрезите.

Доколку не можете целосно да се откажете од храната како чипсот, преработеното месо, пиците и слично, барем внимавајте да не претерате во нивното консумирање.

2. Сланина повеќе не е ваша пријателка

Доколку страдате од артиритис или хронични заболувања при зглобовите, видовите на храна како сланината, само дополнително ќе ја влошата вашата здравствена состојба. Експертите откриваат дека COX-2 ензимите се поактивни и може да предизвикаат воспаленија при зглобовите, доколку консумирате повеќе омега-6 масни киселини, отколку омега-3 масни киселини. На прво место на листата на лоша храна се наоѓа сланината, жолчката и секоја храна која доаѓа во пржена форма.

3. Лошата страна на шеќерот

Повеќето луѓе го избегнуваат шеќерот за да не се здебелат. Но, научниците откриваат дека прекумерената консумација на бонбони може да го забрза процесот на стареење на многу начини. Кога внесувате шеќер, независно во каква форма- сладолед, бонбони, јаглехидратна вечера пред телевизорот- телото го трансформира тој шеќер во глукоза. Тоа може да влијае во развојот на дијабетес, кој е доста опасен, но не е исклучена ниту појавата на разни срцеви заболувања и нарушувања при бубрезите и нервите.

4. Третата чаша вино

Да, речиси повеќето од нас ги следат препораките дека умереното количество на вино е добро за нашето срце. Проблемот би настанал доколку претераме во неговото консумирање, односно во тој случај, прекумерената консумација на вино може да им наштети на срцето и црниот дроб.

5. Газирани пијалоци

Американската асоцијација за дијабетес им препорачува на луѓето да го ограничат внесот на шеќер и газирани пијалоци, за да ефикасно ја спречат појавата на дијабетес. Во еден газиран пијалок од 330 мл има околу 150 калории и 40 грама јаглехидати, а истото количество на јаглехидрати се содржи во 10 кафени лажици шеќер.