Сите ние знаеме дека секојдневното консумирање на масна и брза храна е лошо за нашето здравје, но малкумина знаат дека во нашето дневно мени постои и храна која не треба да ја јадеме секој ден, а сите ја правиме оваа грешка.

1. Црвено месо

Црвеното месо е неразделив дел од нашето секојдневно мени. Огромен број на вкусни јадења и специјалитети содржат говедско, свинско или јагнешко. И иако тоа е богат извор на протеини и железо, сепак бројни истражувања покажуваат дека доколку секојдневно и во прекумерено количество, односно 3 пати дневно го консумираме црвеното месо може да доведе до зголемен ризик за појава на канцерогени клетки.

2. Туна

И покрај фактот што рибата туна е одамна призната како чудесен диетален производ и има одличен ефект врз работата на мозокот и целокупниот организам, со што го зајакнува и имунолошкиот систем, сепак оваа риба има и свои недостатоци. Пластиката што се наоѓа во океаните и морињата лесно навлегува во ткивата на туната, чиишто токсини може да бидат штетни за нашето здравје. Затоа се препорачува децата да консумираат 1-2 пати неделно туна, а возрасните 1-2 пати да секои 3-4 дена, но не и секој ден во големи количества.

3. Спанаќ

Спанаќот, кој содржи големо количество на витамини и минерали, не спаѓа на листата на производи кои можеме да ги консумираме секој ден. Факт е дека овој зеленчук содржи големо количество на оксална киселина, која може да предизвика проблеми со бубрезите. За да ја избегнете оваа ситуација, најмногу консумирајте зеленчук 1-2 неделно.

4. Компири

Компирите не може да се нарече дека се штетни за организамот, под услов да се правилно сварени. Но, при пржењето, во зеленчукот се наталожува големо количество на масло, кое сериозно може да им наштети на панкреасот и црниот дроб, а пак секојдневното консумирање на пире може да доведе до зголемување на телесната тежина и нивото на шеќер во крвта.

5. Јајца

Јајцата се најчест избор за подготовка на многу јадења, а се консумираат и за појадок, ручек и вечера. Се подразбира, овој производ содржи огромно количество на протеини и други корисни елементи, но нутриционистите препорачуваат да не ја злоупотребуваме консумацијата на јајцата бидејќи може да доведат до зголемување на нивото на лошиот холестерол. Најдобро е да јадете јајца 2-3 пати неделно.