Свесни сме дека ракот важи за најопасната болест во современото време, а црните статистики покажуваат дека милиони луѓе умираат од истата на годишно ниво.

Но, доколку се открие во рана фаза, ракот во тие случаи, може да биде излекуван, а животот на пациентот спасен. Затоа, од голема важност е да болеста да дијагностицира навремено.

За таа цел, лекарите ги откриваат 5-те најрани симптоми на рак, кои се појавуваат дури 5 години пред самото заболување. Еве кои се тие:

1. Промени во бојата и формата на бенките

Промените во бојата и формата на бенките, како и болка на тие места, алармираат за развој на рак. Токму ова е причина да се направи лекарски преглед, за да се утврди или исклучи можност за појава на меланом.

2. Ненадејна промена во формата и големината на градата

Најраниот развој на ракот може да се манифестира и преку ненадејната промената во формата и големината на градата, освен доколку, се подразбира, не сте на некаква диета и планирано слабеете.

3. Редовно ноќно будење

Пречестото ноќно будење меѓу 1 и 3 часот наутро може да биде индикатор за развој на рак на црниот дроб.

4. Постојана слабост и замор

Постојаниот замор и чувството на слабост и неенергичност, кои не поминуваат по вообичаеното одмарање, не е добар знак и затоа е неопходно да направите лекарски преглед.

5. Продолжена опстипација и недостаток на апетит

Пречестата појава на опстипација и немањето веќе желба за вашата омилена храна, важат за едни од основните симптоми на рак на цревата.