Сонот на речиси секој готвач е за многу кратко време да создаде вистинско вкусно ремек-дело, а токму за оваа цел, денес ви претставуваме брз величествен десерт, за чија подготовка ќе ви бидат потребни само 15 минути.

Домашно тирамису

Потребни состојки

Начин на подготовка

Во длабока чинија разредете го кафето со 75 мл вода, а потоа во добиената кафена смеса, потопете ги бисквитите.

Измешајте го маскарпонето со кондензираното млеко, до добивање една соединета мазна смеса. Поставете ги потопените бисквити на дното од чашите или друг сад по ваш избор, во кој планирате да сервирате, а притоа, одозгора нанесете ја кремасата смеса и на крај, декорирајте со изрендана чоколада или какао.

Со цел десертот да биде уште повкусен, оставете го да отстои во ладилникот 1 час, пред истиот да го сервирате.

Пријатен апетит!