Желатинот се состои од протеински својства, од животинско потекло. Една лажица желатин содржи дури 6 грама протеини, а воедно во неговиот состав влегуваат фосфор, калциум, магнезиум, железо и аминокиселини.

Аминокиселините се неопходни за нашиот организам, бидејќи на истиот му ја даваат потребната енергија, го стимулираат производството на хормонот за раст, ги зајакнуваат мускулите на срцето и ја активираат мозочната функција.

Зошто е корисно да консумираме желатин?

1. Помага во обновување на метаболизамот и го забрзува слабеењето

Желатинот е одличен диетален производ, кој не предизвикува зголемено лачење на желудечниот сок и притоа го забрзува процесот на топење на наталожените масни наслаги. Воедно, високото количество на протеини го заситува организамот и го намалува апетитот.

2. Го поттикнува брзото заздравување на раните

1/3 од аминокиселините кои влегуваат во состав на желатинот се т.н глицин, кој влијае позитивно во смирувањето на разни воспаленија, при што на овој начин го забрзува процесот на заздравување на раните.

Истовремено, желатинот ја подобрува циркулацијата на крвта.

3. Ги зајакнува коските и зглобовите

Протеините, кои ги содржи овој безбоен прав, како и фосфор и железо, ја зголемуваат цврстината на коските и ја спречуваат појавата на остеопороза, додека пак колагенот влијае на зголемување на еластичноста на зглобовите.

Хондроитинот, кој исто така влегува во составот на желатинот, пак, го ублажува воспалението на зглобовите и затоа истовремено, желатиност се смета за најдобар производ во борбата против артритисот.

4. Го прочистува црниот дроб

Составот на желатинот е богат со глицин, кој му помага на црниот дроб ефикасно да се ослободи од наталожените токсини, како и тешки метали и соли, кои му штетат на нашето здравје.

5. Го нормализира хормонскиот баланс

Производството на инсулин и глутатион зависи од реагирањето на глицинот во телото, кој успешно го регулира нивото на естроген.

Дополнителни 5 причини зошто е корисен желатинот за нашето здравје

  1. Го подобрува квалитетот на сонот
  2. Ја подмладува кожата
  3. Го зајакнува имунитетот
  4. Ја подобрува состојбата на косата и ноктите
  5. Ја подобрува дигестијата

Се препорачува дека дневно е доволно да консумирате по 1-2 супени лажици желатин, а истовремено правот треба да го пиете со шолја топла вода и витамин Ц, за негова поефикасна апсорпција во организамот.