Денес ви откриваме 5 причини, поради кои лекарите препорачуваат да се спие со перница меѓу нозете. Овие причини ќе ви помогнат да го подобрите вашето целокупно здравје.

1. Ја намалува мускулната преоптеретеност

Кога има мека перница меѓу нозете за време на спиење, мускулите во долниот дел од грбот се ослободени од било каков притисок, што им овозможува целосно да се опуштат.

2. Спазми

Во текот на денот, стоејќи исправени, многу луѓе се соочуваат со грчеви во нозете и долниот дел од грбот. Поставувајќи перница меѓу нозете, ќе ги опуштите овие делови од телото и ќе го ублажите грчот.

3. Стабилна положба за квалитетен сон

Бидејќи со перницата телото е постабило, така ефикасно го елиминирате неговото вртење во текот на ноќта, со што значително се подобрува квалитетот на сонот.

4. Подобрена циркулација на крвта

Перницата не дозволува нозете да се допираат и да се притискаат една со друга, со што ќе имате подобар крвоток низ целото тело во текот на ноќта.

5. Воспалени колена

Доколку чувствувате болки во колената, тогаш перницата меѓу нозете значително ќе ви помогне да ја ублажите оваа состојба, бидејќи ќе го отстрани притисокот во овој дел од телото.