Повеќето луѓе имаат тенденција многу повеќе да веруваат на козметичкиот производ, доколку на неговата амбалажа забележат дека е втиснато „Одобрено од дерматолози“.

Но, денес ви откриваме листа од 7 козметички производи кои самите дерматолози не ги употребуваат и не ги препорачуваат на нивните клиенти. Еве кои се тие:

1. Лосион за раце или тело

Самите дерматолози вообичаено користат креми. Тие имаат густа текстура и на правилен начин на навлажнуваат кожата. Спротивно на тоа, лосионите воопшто не допринесуваат за оваа цел, бидејќи најчесто се разредени со вода, што го прави телото лепливо.

2. Маски со активен јаглен

Иако се доста популарни, според одредени дерматолози, не само што нивното отстранување може да биде навистина болно, туку со тоа се нарушува и структурата на кожата.

3. Спреј со заштитен фактор

Експертите се едногласни дека понекогаш спрејот со заштитен фактор е попрактичен за употреба, но за лична употреба подобро е да користите крема, наместо спреј, бидејќи со спрејот е невозможно да се нанесе доволно дебел слој и наместо тоа поголемиот дел се распрскува во воздухот, наместо да се впие во кожата.

4. Масло за потемнување

Маслото за потемнување на кожата е уште еден производ, кој дерматолозите не го препорачуваат, бидејќи има низок степен на заштитен фактор и е во состојба да ги затне порите, што пак доведува до влошување на кожата.

5. Маски за стапала

Дерматолозите не ги препорачуваат маските за хидратирање и потхранување на стапалата, бидејќи кремите одлично ја вршат својата работа.