Сигурни сме дека и вие користите крема за раце, особено во зимскиот период, кога кожата бара дополнителна хидратација. Но, покрај оваа првична намена, кремата за раце може да ја употрбите и на многу други начини.

Во продолжение откријте и како:

1. За миење на раце

Доколку сапунот за раце веќе се потрошил и немате никаква друга алтернатива, тогаш слободно може да ја употребите вашата крема за раце. Всушност, повеќето креми за раце имаат хигиенско и хидратантно својство, па затоа може да ги употребите и како сапун.

2. Доколку немате балсам за коса

Повеќето креми содржат потхранувачки супстанци и масла, кои одлично ќе влијаат и за негата на вашата коса. Доколку во моментот немате балсам за коса, тогаш кремата за раце ќе ви помогне да ја омекнете истата. Сепак не заборавајте дека овој трик не треба да го практикувате често.

3. Масни наслаги по кожени предмети

Доколку забележите масни наслаги по вашата кожена чанта, облека или пак мебел, тогаш може да употребите крема за раце, да се ослободите од истите. Намачкајте и добро истријте на потребното место, а потоа внимателно избришајте со памучна или хартиена крпа.

4. Залепена етикета

Дали некогаш ви се случило да сакате да ја отстраните залепената етикета со цената од новиот купен кујнски сад, но истото да ви се чинело невозможна мисија? За оваа цел ќе ви помогне сосема обична крема за раце. Едноставно намачкајте ја етикетата и таа веднаш ќе падне.

5. Наелектризирани фустани и здолништа

Ова е честа појава со која се соочуваат многу дами и навистина може да биде здодевна за справување, но и за овој проблем, ќе ви помогне кремата за раце. Едноставно намачкајте ги нозете со истата, а доколку носите хулахопки, намачкајте ги и нив.