Постои еден навистина интересен и многу едноставен начин како вашиот стар и грд радијатор да го претворите во вистинска убавина за очите.

Станува збор за користење на техниката позната како декупаж, за која не е потребно да имате посебен талент, а потребна е само прецизност и правилен избор на материјали.

Современите креативни луѓе навистина може да го претворат дури и најобичното незабележливо нешто во прекрасно и оригинално дополнување на домашниот ентериер.

Еве како да ја употребите техниката на декупаж:

Што ќе ви биде потребно

  • Тапет и брусна хартија
  • Салфетка со шара
  • Четка
  • Акрилни бои
  • Лак отпорен на топлина
  • Соодветно лепило за тапети

Работен план

Употребете средство за миење. Потоа, употребувајќи ја брусната хартија, отстранете ги сите несовршености од површината на радијаторот. Радијаторот треба да е апсолутно мазен. Повторно измијте со средство и исушете со крпа.

Подгответе ги салфетките со вашата омилена шара. Подобро е да купите големи салфетки, за да има доволно за целата должина.

За да го подготвите радијаторот за декупаж, нанесете врз истиот бела боја. Обратете внимание на сушењето на бојата, за што ќе биде потребно барем 1 ден.

Откако бојата ќе се исуши, може да ја залепите сликата. Притоа, претходно исечете ја салфетката, така што секој дел од парното ќе заземе свој дел од сликата. Нанесете лепило врз лентите од салфетите.

Измазнете со сооветна четка, а потоа нанесете лепило врз оние делови од радијаторот за кој немате доволно салфети.

Со цел техниката на декупаж да ја задржи својата форма на подолго време, покријте со два слоја од лак отпорен на топлина.

Наместо специјална оризова хартија, може да употребите и салфети со шара, од кои ќе биде потребен само горниот слој.

Во продолжение ви подготвивме колекција од прекарасни идеи, кои може да ви послужат за инспирација: