Кога нешто во домот ќе се скрши или истече, собирањето на хаосот со правосмукалка секогаш изгледа како идеално решение.

Но, подоцна, како резултат на тоа, самиот уред мириса непријатно, неговата моќност е значително намалена или истиот престанува да работи, поради одредени причини. Односно, сето тоа се должи на фактот што едноставно одредени работи никогаш не треба да ги собираме со правосмукалката.

Во продолжение прочитајте за кои 9 работи станува збор:

1. Кафе и какао

Доколку собирате кафе со правосмукалката, тоа набрзо ќе создаде мувла во ќесата на самиот уред, бидејќи талогот секогаш останува влажен, дури и да не изгледа така. Покрај тоа овие честички брзо се налепуваат во внатрешноста на правосмукалката и е невозможно да ги исчистите.

2. Земја и суви делови од растенија

Децата ненамерно донеле земја од надвор во вашиот ходник? Најверојатно, веднаш најпрво посегнувате по правосмукалката. Но, подобро е едноставно да го измиете ќилимот, бидејќи правосмукалката само ќе допринесе за подлабоко туркање на земјата во истиот.

Сувите делови од растенијата лесно може да ја затнат правосмукалката и да предизвикаат влага во нејзината внатрешност.

3. Влакна

Невозможно е целосно да ги избегнете собирањето на влакна со правосмукалката, бидејќи тие може да бидат паднати било каде, но истовремено, може да придонесат до побрзо намалување на моќноста на уредот.

4. Козметика

Пудри, сенки и други видови козметички производи кои изгледаат суви, содржат разни масла и елементи, кои започнуваат да се топат под влијание на топол воздух, при што соберени со правосмукалка, лесно може да ги затнат нејзините филтри.

5. Мали парчиња хартија и конфети

Конфетите може многу брзо да ја затнат правосмукалката. Уредот брзо ќе прегрее и ќе се оштети, особено доколку тие се направени од фолија. Под дејство на топлиот воздух, тие брзо се топат и се лепат на места кои се тешко достапни за чистење.

6. Електрични кабли

Употребата на правосмукалката за чистење на електричните кабли може да изгледа како удобна идеја, но моќта на правосмукалката може да го оштети кабелот, што подоцна истиот ќе го направи небезбеден за користење.

7. Мокар под

Чистењето на мокриот под со правосмукалка е опасно, бидејќ може да резултира со струен удар.

8. Стакло

Парчињата фино стакло лесно може да ги оштетат филтрите на правосмукалката, што ќе ја направи истата помалку функционална.

9. Брашно

Специјалистите откриваат дека доколку треба да соберете брашно со правосмукалка, да обратите внимание на неговото количество. Доколку станува збор за малку брашно, тоа нема да ја оштети правосмукалката, но доколку е поголемо, подобро соберете го рачно, бидејќи во спротивно, сите филтри ќе се затнат, а брашното може да навлезе и во моторот.