Борбата за постигнување на посакуваната фигура е позната на речиси секоја втора жена. Истата може да има неуспешни резултати, доколку практикуваме неправилен избор на вежби и исхрана.

Особено важна е исхраната, бидејќи таа на најефикасно може да ви помогне да се ослободите од наталожените масни наслаги и да ви го даде посакуваниот рамен стомак и тенка половина.

Еве кои се 5-те најмоќни природни согорувачи на масните наслаги:

1. Јаболков оцет

Јаболковиот оцет како комбинација од минерали и киселини го поттикнува производството на сопствени аминокиселини во цревата, кои го подобруваат метаболизамот. За да се стимулира согорувањето на мастите, потребно да се консумира 1 супена лажица оцет со чаша вода, во период од 4 недели.

2. Бадеми и ореви

Бадемите и оревите се особено богати со протеини, витамин Е, нензаситени масни киселини, кои сите заедно брзо и лесно ги согоруваат масните наслаги. Воедно, редовното консумирање на бадеми го регулира нивото на шеќер во крвта, што ги прави идеален избор за ужина.

3. Јајца

Јајцата содржат огромно количество на протеини и чудесно делуваат, кога станува збор за согорување на масните наслаги околу стомакот. Тие воедно помагаат и за обновување и развивање на мускулите, а колку позајакнати се мускулите, толку повеќе калории согорува организамот.

4. Зелен чај

Со зелениот чај можеби нема веднаш да добиете рамен стомак, но тој содржи големо количество на полифеноли, кои го поттикнуваат процесот на согорување на масните наслаги.

5. Зачини

Постојат зачини кои ја зголемуваат внатрешната топлина на телото и со тоа го забрзуваат согорувањето на наталожените масни наслаги. Овде спаѓаат лутите чили пиперки, ѓумбирот, циметот, сенфот и слично.