Лошиот здив може да биде многу непријатен и повеќе од 80 милиони луѓе страдаат од истиот ширум светот. Додека едноставното плакнење може да го реши проблемот краткотрајно, сепак не можете да носите мијалник на интервју за работа или на некој настан.

Но, може да носите свежо јаболко или гума за џвакање.

Денес ви откриваме кои 5 видови на храна може да ви помогнат засекогаш да се ослободите од непријатниот здив и безгрижно да се смеете:

1. Mорков, целер или јаболко

Јаболката и морковите го подобруваат варењето и го одржуваат здравиот дигестивен систем. Oва значи повеќе нема да се формират гасови во стомакот, кои доколку се ослободат преку устата може да предизвикаат непријатен мирис. Исто така, свежото овошје и зеленчук го поттикнуваат производството на плунка во устата што може да ги измие бактериите што предизвикуваат лош здив од забите, јазикот и непцата.

Празниот стомак исто така може да предизвика лош здив затоа што доведува до создавање киселина. Затоа, спојувањето на овошје и зеленчук е здрав начин да го одржите здравјето на желудникот и да го спречите настанувањето на лошиот здив.

2. Консумирајте зеленчуци

Лошиот здив може да биде симптом на стомачна киселина или други дигестивни нарушувања. Овие проблеми ретко се појавуваат доколку вашиот имунолошки систем е силен, а консумирањето зеленчук е одличен начин за зајакнување на истиот.

Исто така, зелените зеленчуци се богати со хлорофил, што го користат растенијата за фотосинтеза за да апсорбираат енергија од сончева светлина. Хлорофилот е исто така ефикасен природен дезодолизатор и може да отстрани секаков мирис од устата.

3. Изберете јогурт (Но, држете се подалеку од шеќерните производи)

Добрите бактерии се присутни при процесот на варењето на јогуртот, особено при варењето на млечните производи. Истите тие го одржуваат дигестивниот систем здрав, со што се намалуваат шансите за лош здив.

Освен лошиот дигестивен систем, акумулацијата на сулфитни соединенија во устата може да предизвикаат лош здив. Добрите бактерии присутни кај пробиотиците, како што покажаа многу истражувања, го намалуваат нивото на сулфитни соединенија присутни во устата. Кога ќе купувате јогурт, обратете внимание да не содржи шеќери.

4. Цреши

Метаетиол е соединението кое честопати е одговорно за лош мирис на устата. Јадењето цреши се покажа како ефикасен лек во борбата против лошиот здив. Исто така и марулата ќе ви помогне да го решите овој проблем.

5. Шолја зелен чај

Пиењето зелен чај има многу здравствени придобивки што вклучуваат подобрување на функцијата на мозокот и намалување на ризикот од одредени форми на рак. Исто така, помага во детоксикација на телото и со тоа се намалува и лошиот мирис на телото и здивот. Зелениот чај содржи и природен антиоксиданс познат како катехин кој помага во борбата против бактериите во устата што предизвикуваат лош здив.