Никол Марнел реши да ја раскаже својата приказна, без да се крие зад срамот и стравот, со цел да помогне и на останатите кои се наоѓаат во слична состојба.

Мајката на три деца во еден период од животот ја достигнала својата најголема телесна тежина од 146 килограми и тогаш станала свесна и сфатила дека нездравата храна и уште понездравите навики на крај го речиси го уништиле нејзиниот живот.

Долги години, Никол прекумерено консумирала сладолед и секаков вид на шеќери, а јадела повеќе од нејзиниот сопруг и 3-те деца заедно.

„Храната за мене отсекогаш беше на прво место. Колку и да ми е срам, треба да признаам, дека последното нешто на кое мислев беше семејството.“- раскажува Никол.

Наместо заедно со своите деца да отиде на базен или на прошетка во парк, Никол по цели денови лежела во кревет, се насладувала во нездравата храна и гледала серии. На 37-годишна возраст сфатила дека е крајно време да го промени нејзиниот живот.

„Сфатив дека го уништувам својот живот, но и дека ги занемарувам сопствените деца“- додава Никол.

Никол уште како од дете се борела со вишокот килограми и за себе вели дека била најдебелото дете што некогаш го знаела, а ниту држењето на бројните ригорозни диети никогаш не биле од никаква помош.

Таа започнала на храната да гледа како извор за надополнување на нејзиниот емоционален глад и така кога се насладувала слатките работи, тоа биле единствените моменти кога за кратко се чувствувала среќна.

Откако ја пронашла љубовта на својот живот и стапила во брак, таа забременила со своето прво дете и тогаш признава дека уште повеќе започнала да јаде, а веќе по 3 бремености и многу лоши навики, на 37 години, мајката тежела 146 килограми.

Како ослабнала 63 килограми?

Најпрво Никол се поврзала со луѓе кои го имале истиот проблем како и неа. Таа се зачленила во групата наречена „Здрава мама“, од која добила план за исхрана и вежбање, кој е наменет за мајки со ниски примања и кои едноставно немаат премногу слободно време за самите себе.

Тајната е во исхраната

Никол започнала да држи специјална диета. Најпрво, започнала да брои колку калории внесува, при што денес не консумира повеќе од 1800 калории дневно, а за нејзината возраст се препорачани максимални 2000 калории.

Таа од своето мени ги исклучила сите видови на масти, како и брзата храна. Никол исто така веќе не консумира многу сосови и јаглехидрати. Откако ги направила овие промени, килограмите едноставно започнале да се топат.

Сега наместо во рестораните за брза храна, мајката исклучиво јаде домашно приготвена храна и на овој начин, со голема посветеност, Никол за 2 години успеала да симне 63 килограми, а притоа вели дека уште по првите 2 недели од промените, започнала да се чувства неверојатно енергично.