Денес ви откриваме кои 4 сигнали кои ги манифестира телото всушност укажуваат дека на вашиот организам му недостасуваат витамини и како истите лесно да ги надоместите.

1. Косопад

Причина

Недоволно количество на витамин Б7 (биотин) и прекумерена консумација на свежи јајца. Суровиот протеин во јајцата содржи авидин, која ја блокира способноста на организамот да апсорбира биотин.

Што да направите

За да го зголемите внесот на витамин Б7, додадете кон вашата исхрана бадеми, соја, билки, компири и банани.

2. Грчеви

Причина

Честите грчеви се индикатор дека на телото му недостига калциум, магнезиум, калиум. Покрај тоа, доколку спортувате, може преку порите големи количества на минерали да излегуваат од телото.

Што да направите

Вклучете во вашето дневно мени повеќе јаткасти плодови, лиснати зеленчуци, тикви, банани и јаболка.

3. Осипи по лицето

Причина

Недостаток на витамин Б7 (биотин).

Што да направите

Покрај хранливи додатоци со овој витамин, кои лесно може да ги најдете во аптека, исто така неговиот внес може да го зголемите со редовно консумирање на печурки, компири, сирење, варени јајца и спанаќ.

4. Жолта нијанса на кожата и очите

Причина

Недостаток на витамин Б12.

Што да направите

Консумирајте повеќе говедско и пилеко месо, млеко, јагнешко месо, туна и кисело млеко.