Болката во забите се смета за една од најнепријатните кои човек може да ги искуси. Честопати, таа е толку силна, што ни се чини дека ни трне целата страна од лицето.

Сепак и покрај огромната непријатност, не секоја болка која навидум изгледа како забоболка е поврзана со забите.

Еве кои други 4 сериозни здравствени состојби можат да предизвикаат слична болка како забоболката:

1. Проблеми со вилицата

Болката, слична на забоболката, може да доаѓа од вилицата. Возможно е да се појави како резултат на темпоромандибуларна зглобна дисфункција, која предизвикува неудобност при вилицата и се појавуваат грчеви и проблеми со остварањето на истата.

2. Синузит

Ова заболување предизвикува воспаление на лигавиците на еден или повеќе синуси. Максиларните синуси може да предизвикаат болка и притисок во горните предни заби, односно корените на овие заби се близу до дното на синусите.

3. Срцеви проблеми

Болката во срцето понекогаш може да биде насочена кон различни делови од телото. Левото рамо и левата рака се најчесто погодените зони. Но, често се случува ваква болка да се појави и при долните заби и вилицата, што може да биде признак за ангина пекторис.

4. Белодробна болест

Заболувањето на белите дробови може да ги засегне и забите, но и обратно. Болката поврзана со забите и вилицата може истовремено да биде индикатор за посериозно заболување на белите дробови, за што е потребен лекарски преглед.