Тежината и надворешниот изглед се еден од главните проблеми речиси на секоја жена, која сонува за совршена фигура и беспрекорна кожа. Дали познавате барем една жена која барем еднаш во животот не држела диета?

Слична е и приказната на Џели Девут. Кога била на 20-годишна возраст, таа има полна фигура и покрај тоа што пробала разни диети, практикувала строги режими и што уште не, но без никакви резултати.

Еден ден, сосема случајно, решила да престане да консумира алкохол и токму тогаш чуда започнале да се случуваат со нејзиното тело.

Девојката започнала да слабее и да има значително многу повеќе енергија.

„Никогаш не сум се чувствувала подобро. Луѓето постојано ме прашуваат колку килограми имам симнато. Искрено, не знам точно, но најверојатно околу 75 килограми. Не заборавајте дека алкохолот е полн со шеќери. Чаша шампањско содржи 78 калории, додека чаша вино има 120 калории. Алкохолот може да влијае и врз квалитетот на вашиот сон и да влијае на вашата фигура. Прекумереното консумирање може да го зголеми нивото на шеќер во крвта. А сите овие реакции многу го отежнуваат процесот на слабеење.“- објаснува Џели.

Тајната за нејзината совршена фигура не се должи само на откажувањето на алкохолот, туку и во неговата замена со консумирање на големо количество вода.

„Пијте вода колку што можете повеќе. Верувајте ми, нема да зажалите. Јас лично го испробав и заклучив дека пиењето алкохол и ноќниот живот не се добри за мене и моето здравје.“- додава Џели.