Тажниот факт е доколку не ја користиме мозочната функција во потполност секојдневно, тоа може да резултира со нејзино успорување. Токму како што ослабнуваат мускулите на телото доколку не вежбаме, така и умот старее, доколку не ги исполнуваме во целост секојдневните основни задачи.

Но, без грижи! Научниците велат дека редовните вежби за умот и меморијата, го успоруваат развојот на клетките на сивата материја, помагаат да се образуваат нови невролошки сигнали и да се создадат сложени функционални врски меѓу одделните мозочни структури.

Во продолжение следуваат 4 научно докажани начини за продолжување на младоста на мозокот, неговата правилна функција и здравиот разум:

1. Обоени зборови

На фотографијата се напишани зборови, обоени во различна боја. Неопходно е да се изговори на глас не само зборот, туку и бојата со која е истиот обоен. Кога ќе стасате до крајот на листата, повторете ги зборовите, овој пат, почнувајќи од крајот па нагоре.

Не е толку лесно, колку што мислевте, зарем не? Факт е дека вашата десна хемисфера се обидува да ги каже боите, а лесната да ги изговорите самите зборови. На овој начин ќе ги тренирате и двете хемисфери, помагајќи му на мозокот да ја обнови врската меѓу истите. Оваа техника истовремено помага во спречување на појавата на Алцхајмер.

2. Таблица со броеви

Овој вид на техника е одличен стимулатор за обновување на периферниот вид, подобрување на концентрацијата и брзината на читање. За време на практикувањето, таблицата треба да биде поставена на растојание од 30-35 цм од самите очи, како при читање на книга. Фокусирајте го вашиот вид во центарот на таблата и обидете се да не излегувате од рамката на истата.

Пронајдете ги сите броеви во растечка низа од 1 до 25, без прескокнување на броевите, колку што е најбрзо возможно и обидете се да не ги изговарате на глас. Многу е важно да не го симнувате погледот од центарот на таблицата и да ги барате проевите само со периферниот вид. Иако ќе ги пронајдете броевите за можеби 1 минута, всушност тестот се состои во пронаоѓање на сите броеви за 10 секунди.

3. Знаци со прсти

Потребно е да ги свиткате прстите на десната рака, формирајќи го симболот за мир. Потоа, со прстите на левата рака формирајте ги во знакот „ОК“. Потоа обидете се еднаш со левата да формирате знак за мир, а потоа обидете се со десната знакот „ОК“. Откако неколку минути поминавте практикувајќи го овој дел, сега обидете се истовремено и со двете раце, да ги формирате симболите.

На прв поглед, изгледа како ништо комплицирано. Но, по само неколку минути всушност ќе сфатите колку е тешко да ја направите, навидум лесната вежба. Истата помага во значително подобрување на концентрацијата, вниманието и способноста брзо да преминувате од една задача на друга.

4. Пишување со двете раце истовремено

Се смета дека истакнатите личности како Леонардо да Винчи, Никола Тесла, Пол Мекартни, Бенџамин Френклин можеле да пишуваат со двете раце, а тоа го може и славниот актер Кијану Ривс. Доколку ја совладате оваа техника, тогаш засекогаш ќе имате совршен ум.

Земете два листа харија и две пенкала, по едно во секоја рака. Започнете да цртате геометриски фигури, да пишувате зборови, а овој трик ќе ве научи како да извршувате повеќе задачи истовремено, без да се губи од квалитетот на извршеното.