Повеќето љубители на готвењето, секогаш се трудат да соберат што е можно повеќе рецепти од различни извори. Денес ви ги откриваме најинтересните и најкорисните кулинарски трикови, кои и врвните готвачи ги користат во нивното секојдневие!

Доколку и вие сте склони кон создавање на сопствена домашна колекција од кулинарски итрини, мудроси и трикови, тогаш, следните заслужено ќе се најдат на вашата листа, а трикови за кои нема да прочитате ниту во едно кулинарско професионално списание.

Кулинарските трикови за сите љубители на готвењето

1. Супи

  • Доколку сте пропуштеле навремено да ја отстраните пената од супата при нејзиното варење и сега истата е дното, додадете 1 чаша вода тенџерето.. Пената повторно ќе се крене на површината и сега ќе можете да ја отстраните.
  • Доколку сте готвеле грав во отворен сад, тој нема да потемни.
  • За да добиете бистра супа со месо, за време на варењето во тенџерето додадете лушпа од јајце. Потоа, готовата супа е неопходно да се прецеди.
  • Лушпите од лук ја одржуваат бојата на супата, а воедно ја прават похранлива.
  • Во пилешката супа не додавајте никакви зачини, туку само лук и моркови. Во спротивно, таа ќе ја изгуби својата специфична арома и вкус.
  • Додавањето на само неколку ситно исечени печурки во супата, ќе ја направат неверојатно и значително повкусна.

2. Јадења со месо

  • За да стековите бидат меки, 1-2 часа пред нивното печење, премачкајте ги со смеса од оцет и растително масло. Ова е тајната за успешно приготвување кревко месо на скара.
  • При печењето на ќофтињата, внимавајте на оганот. Доволно е само 1 минута за да истиот биде повисок, додека се образува кората на месото, која нема да дозволи сокот да истече. Потоа огнот се намалува на средна температура, а кога ќе го свртите ќофтето на другата страна, повторно засилете го малку огнот, на само половина минута.
  • Доколку во меленото месо додадете подеднакво количество на ситно исечен и малку потпечен лук и малку свеж компир, ќофтиањата ќе ви бидат многу повкусни и посочни.
  • Старата кокошка ќе се свари побрзо, доколку додека се вари дополнителни 20-30 минути, одвоите 5-6 минути за да ја потопите во студена вода

3. Јадења со компири

  • При подготвување на јадења со рендани компири, како на пример компирови палачинки, додадете во смесата и малку млеко, за да го спречите нивното потемнување.
  • Пирето од компир е многу повкусно доколку се меша рачно со метална жица. Миксерот може да ја уништи неговата структура, а вкусот да се изгуби побрзо.
  • Старите компири ќе имаат подобар вкус доколку при нивното готвење, додадете 1 супена лажица оцет, 2-3 чешниња лук и ловоров лист.
  • И уште едно златно правило: Колку се постари компирите, толку повеќе вода им е потребно за нивното приготвување.

4. Јадења со риба

  • Рибата нема да се распадне при готвењето и ќе добие златна коричка, доколку 10-15 минути пред нејзиното приготвување ја избришете со крпа и посолите со сол.
  • Силниот мирис на рибата при готвењето може да го отстраните со додавање на свеж исечен компир.
  • За да не потемнува маслото при пржењето, претходно премачакајте го садот со растително масло.
  • За да не се распрскува маслото за готвење на сите страни при пржењето, во истото додадете малку сол.

5. Салати

  • Растителното масло е неопходен додадток во салатата, доколку во истата претходно сте додале сол, оцет и мелен црн пипер.
  • Салатата од кисела зелка совршено се согласува не само со комбинација од боровинки и јаболка, туку и со парчиња портокал и мандарина.
  • Салатите со мајонез ќе бидат повкусни, доколку пред нивното сервирање, во истите, за кратко, додадеме кора од лимон.
  • Салатата ќе добие поневеројатен вкус доколу во истата додадете 1 супена лажица млеко и 1 супена лажица шеќер.

6. Јадења со тесто

  • Поставете неколку макарони во тестото, за да тоа побрзо втаса.
  • Тестото со квасец ќе биде помеко и повоздушесто, доколку во истото додадете изрендани и изладени варени компири.
  • Смесите без квасец стануваат помеки и со подобра текстура, доколку во истите додадете 1 супена лажица ракија и коњак.

7. Пијалоци

  • За брзо ладење на врел компот, неопходно е да го пренесете во друго тенџере, да додадете малку ладна вода и во истата да додадете малку морска сол.