По највкусното јадење, следува најнепријатниот дел- чистењето на шпоретот. Понекогаш истото изгледа невозможна мисија, а по часовното чистење шпоретот  не секогаш изгледа беспрекорно, како што сите ние би сакале.

Денес ви откриваме како со само три домашни состојки може да подготвите универзално средство за чистење, кое ќе биде неверојатно ефикасно, без притоа да го чини богатство вашиот домашен буџет.

Како ефикасно да го исчистите шпоретот

Потребни состојки

  • 1 кафена лажица прашок за перење
  • 3 супени лажици сода бикарбона
  • 200 мл топла вода
  • Пластично шише

Начин на подготовка

Додадете ги сите состојки во пластичното шише и добро затворете го истото. Потоа, со негово протресување, измешајте ги состојките внатре.

Нанесете од добиената смеса на површината на силиконска четка, притоа избегнувајќи ги плочите. По секое миење на шпоретот со вода, повторно нанесете од смесата. Ефикасната смеса ќе ви овозможи брзо и лесно да се ослободите од сите наталожени масни наслаги, па дури и оние најтврдокорните.

За миењето на шпоретот, по употребата на смесата, нема да ви бидат потребни многу средства, едноставно повеќе намокрете ја крпата со вода и пребришајте.