Најчесто дамите ги посетуваат нивните гинеколози исто како на романтичен состанок. Носат фустан, ги отстрануваат влакната, а некои дури и нанесуваат парфем на интимната зона.

Но, всушност, при еден ваков преглед, ништо од горенаведеното нема важност. Самите гинеколози тврдат дека не се влакната и слично, работите кои им одат на нерви, туку најмногу ги нервираат следните 3 работи.

Така, доколку планирате да посетите гинеколог, избегнувајте да го правите следното:

1. „Ништо нема да кажам“

Ова можеби претставува и еден од најсериозните проблеми – кога жената премолчува нешто важно за време на гинеколошкиот преглед. На пример, дека пред неколку години абортирала. Според нејзината логика, се случило одамна и нема никаква поврзаност со сегашноста. Но, всушност сето што се случило во минатото има огромно влијание врз општото женско здравје. Бројот на породувања, абортуси, спонтани абортуси – сето тоа на еден или друг начин влијае врз репродуктивниот систем и функција и притоа го зголемува ризикот од одредени заболувања. На вашиот гинеколог едноставно мора искрено и целосно да му одговорите на секое негово поставено прашање, со цел да го реши вашиот здравствен проблем и прегледот да биде успешен.

2 „Заборавив сè“

Друга варијанта на премолчувањето е заборавањето. Жените на било која возраст, понекогаш едноставно забораваат какви пилули пиеле, за поставената спирала и слично. Повеќето жени посетуваат гинеколог поради конкретен проблем и затоа сите претходни направени работи и употреба на лекарства имаат голема улога во поставување на крајната дијагноза. Затоа гинеколозите ги замолуваат дамите со нив да ја носат и целосната лекарска документација. Воедно, денес постојат бројни апликации за вирутелни календари благодарение на кои лесно ќе го решите проблемот со заборавањето.

3 „Самата сум свој лекар“

За жал, со овој проблем се соочуваат речиси сите гинеколози. Жените денес најчесто кога имаат здравствен проблем, прва работа што ја прават е да го пребаруваат Интернетот, да ги прочитаат симптомите на заболувањето, а потоа на свој домашен начин да се обидат да го решат здравствениот проблем. Но, токму за ова постојат лекарите, кои се единствените кои може да ви дадат точна дијагноза, брзи резултати, а соодветно на ова и правилен третман со кој ќе се лекувате, без да го загрозувате вашето здравје.